Вонреден професор д-р Даворин Трпески

Биографија

Основни податоци:

Дата на раѓање: 21.11.1976

Место на раѓање: Прилеп, Македонија

Образование:

2010 -  стекнат степен доктор на етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ - Скопје, на тема: Креирањето на културната политика во процесот на заштита на културното наследство во Македонија во постсоцијалистичкиот период.

2005 - стекнат степен магистер на етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ - Скопје, на тема: Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство.

2001 - стекнат степен дипломиран етнолог на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ - Скопје, на тема: Етнолошки и фолклорни елементи во предизборната кампања на локаните избори во 2000 година во Македонија.

Професионално и академско искуство:

Од 12/2015 - Вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 02/2011 - Доцент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 02/2006 - Асистент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 12/2001 - Помлад асистент на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Книги

Објавени монографски трудови

2015 Годишни обичаи кај Македонците. Живот според народниот календар, Младинска книга, Скопје, 1-428.

2013 Кој го поседува минатото? Културната политика и заштитата на културното наследство во постсоцијалистичка Македонија, УКИМ, ПМФ - Институт за етнологија и антропологија, Скопје, 1-264.

2006 Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство, ПМФ - Институт за етнологија и антропологија, Скопје, 1-130.

Уредник на зборник со трудови:

2011 Антропологија на општествените промени, ЕтноАнтропоЗум, бр. 9, Институт за етнологија и антропологија, Скопје, 1-150.

Објавени монографски трудови во коавторство:

2007 Мапирање и студија заснована на истражувања во заедницата на адолесценти под најголем ризик од ХИВ/СИДА/СПИ, УНИЦЕФ - Скопје, 1-100.

Престои

2009 - Стипендија „Хелмуд Кол“, доделена за студиски престој во Шпанија и за изработка на докторатот и за објавување на дел од него од страна на Фондацијата Јусте, Шпанија.

2008 - Стипендија „Марија Кири“ за Европски докторат, доделена за студиски престој на Словачката академија на науки во Братислава, Словачка.

2005 - Стипендија доделена од Австриското министерство за образование, наука и култура за студиски престој на Одделението за проучување на југоисточна Европа на Универзитетот Карл-Франценс во Грац, Австрија.

Трудови и конф.

Објавени трудови

2015 „Обичаи поврзани со сеидбата на житото во Кривогаштани: верувања и митски претстави“, во: Зборник трудови VII: Семинар за традиционална музика и игра, Илинденски денови, Битола, 2015, 30-42.

2014 „Создавање збирки во минатото: почетоци на музејот“, во: Зборник трудови VI: Семинар за традиционална музика и игра, Илинденски денови, Битола, 32-34.

2013 „Културната политика на Македонија по падот на социјализмот“, во: 105 години од раѓањето на Јозеф Обрембски, Институт за старословенска култура Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ, Познањ.

2012 “The Nationalism and the Use of Cultural Heritage: Few Post-Socialist Macedonian Examples” in: Victor de Munck & Ljupcho Risteski (eds.), Macedonia – The Political, Social, Economic and Cultural Foundations of a Balkan State, I.B. Tauris Publishers, 89-108.

2012 "Conceptualizing Gender in Macedonia” in: Victor de Munck and Ljupcho Risteski (eds), Macedonia – The Political, Social, Economic and Cultural Foundations of a Balkan State, I.B. Tauris Publishers, 109-135.

2012 "Cultural Heritage and National Identity in Post-socialist Macedonia", in: Eric Bussiere and Enrique Moradiellos (eds.), Memories and Places of Memory in Europe, P.I.E. Peter Lang, 209-224.

2012 "Осврт кон културното наследство: Теорија кон дефиницијата на УНЕСКО", во: Зборник трудови IV: Семинар за традиционална музика и игра, Илинденски денови, Битола, 40-47.

2011 "Ethnic characteristics of Macedonia at the turn of the twentieth century", in: Young brides, old treasures: Macedonian embroidered dress, Museum of International Folk Art, University of Washington Press, 56-74.

2011 „Вовед: кон антропологијата на општествените промени“, ЕтноАнтропоЗум, бр. 9, Списание на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ, Скопје, 10-18.

2011 „Политики за реинтерпретирање на минатото во постсоцијалистичка Македонија“, ЕтноАнтропоЗум, бр. 9, Списание на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ, Скопје, 56-70.

2011 "The intangible cultural heritage in Macedonia: terms and the status of the institutions", in: Condition of the cultural and natural heritage in the Balkan region, Volume 2, ICOM SEE, Belgrade, 353-362.

2011 „Ракување со артефактите: каталогизирање и документирање етнографски предмети за потребите на фолклорните ансамбли“, во: Зборник трудови III: Семинар за традиционална музика и игра, Илинденски денови, Битола, 25-33.

2009 "The fallacy of misplaced identity in Macedonia and Lithuania", in: Identity politics: histories, regions and borderlands, Studia Anthropologica III, Klaipedia University, 69-78.

2009 „Спомениците во постсоцијалистикиот период: по примерите на градот - херој на Македонија“, ЕтноАнтропоЗум, бр. 6, Списание на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ, Скопје, 96-112.

2009 "The monuments in the post-socialist period: the example of the city-hero of Macedonia", Kula, Revija Slovenskega etnoškega in antropološkega združenja, Roaming Anthropology IV, Ljubljana, 67-73.

2006 "Identity and ideology of one 'Macedonian' political party", Roaming anthropology, Belgrade, 80-85.

2006 Дивергентност на етничкиот идентитет кај Голобрдците во Албанија", Голо Брдо, Зборник трудови, Скопје, 58-62.

2005 Етнографски карактеристики на троњ од Бардовци и негова виртуелна презентација, Етнолог, бр. 11, Скопје, 160-169.

2004 Аспекти на етнокунтинуитет и идентитет во предизборната кампања во Македонија, Етнолог, бр. 10, Скопје, 34-41.

2004 „Занаетите во Охрид во почетокот на XX век“, Охрид – лулка на убавината - мултимедијално ЦД, Скопје.

2003 Етномитовите на македонската политичка сцена“, ЕтноАнтропоЗум, бр. 3, Списание на Институтот за етнологија и антропологија на УКИМ, Скопје, 90-100.

2002 Сфаќањето на традицијата и етничките карактеристики и нивната примена во предизборната кампања, ЕтноАнтропоЗум, бр. 2, Скопје, 140-150.

2000 Есенско-зимски циклус, во ракмите на проектот Мултикултурните и етнички особености на четири велешки села, www.iea.pmf.ukim.edu.mk

Конференции:

24-27/09/2015 - Against all odds: Ethnology and anthropology between theory and praxis, International Scientific Conference, Ohrid, Macedonia, со трудот: The anthropology and cultural heritage in Macedonian multicultural society.

9-11/09/2015 - 35 years of Institute of Old Slavic Culture in Prilep, International Conference in Kratovo Macedonia, со трудот: The past of the cultural heritage through several Macedonian examples.

28-31/07/2015 - Илинденски денови 2015 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Изработка на проекти според конкурсот на Министерството за култура на РМ за потребите на фолклорните ансамбли.

18-19/08/2014 - Фестивалот за народна култура „Пображење“ - Вевчани со предавање: Регионална етнологија: етничките каракте-ристики во Македонија во почетокот на XX век

28-31/07/2014 - Илинденски денови 2014 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Создавање етнографски збирки.

28-31/07/2013 - Илинденски денови 2013 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Подготовка на етнографска изложба.

28-31/07/2012 - Илинденски денови 2012 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Евидентирање на етнографски предмети.

28-31/07/2011 - Илинденски денови 2011 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Ракување со артефактите: каталогизирање и документирање на етнографски предмети за потребите на фолклорните ансамбли.

11-12/12/2010 - Разликите како предност  во  мултиетничките заедници, Дебата и предавања во рамките на проектот „Единство во различноста“, имплементиран од страна на Локалната агенција за развој во општина Струга, финансиски поддржан од програмата на ООН „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“ со предавање на тема: Културното наследство и политиката.

09/15-17/2010 - 105 години од раѓањето на Јозеф Обремски, Научен симпозиум со меѓународен карактер по повод 30 години од основањето на ЈНУ ИСК – Прилеп и 105 години од раѓањето на Јозеф Обремски во организација на ИСК – Прилеп, Македонија и Институт за славистика при Универзитетот „Адам Мицкјевич“, Познањ, Полска, во Самоков, со трудот: Културната политика на Македонија по падот на социјализмот.

08/28-31/2010 - Илинденски денови 2010 – Битола, Семинар и работилница во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола со предавање: Изработка на портфолио на фолклорен ансамбл.

10/30-31/2009 - Towards new strategies for the communicating the Macedonian cultural capital abroad, Меѓународна конференција во организација на Коалицијата за одржлив развој од Скопје и GTZ, во Скопје со трудот: The cultural heritage and the ideologies in post socialist Macedonia.

07/06-10/2009 - Сеќавања и места за сеќавања на Европа, Меѓународен летен курс и семинар за докторанди, во организација на Европската академија на фондацијата Јусте и Универзитетот Екстремадура, во Јусте, Шпанија со трудот: Културното наследство и националниот идентитет во постсоцијалистичка Македонија.

06/18-20/2009 - Градење на минатото II, Завршен семинар за стипендистите на „Марија Кири“, Европски докторат за општествената историја на Европа и на Медитеранот. Организиран од Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција и од Универзитетот во Билефелд, во Билефелд, Германија со труд под наслов: Креирањето на културната политика во процесот на заштита на културното наследство во Македонија во постсоцијалистичкиот период.

10/18-20/2008 - Градење на минатото I, Воведен семинар за стипендистите на „Марија Кири“, Европски докторат за општествената историја на Европа и на Медитеранот. Организиран од Универзитетот „Ка Фоскари“ од Венеција и од Словачката академија на науките, во Братислава, Словачка со труд под наслов: Креирањето на културната политика во процесот на заштита на културното наследство во Македонија во постсоцијалистичкиот период.

08/28-31/2007 - Илинденски денови 2010 – Битола, Семинар во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, во организација на Центарот за култура од Битола, со труд под наслов: Новите тенденции на етнологијата и антропологијата и науките кои ја проучуваат народната култура.

5/23-26/2006 - MARA qualitative study in Macedonia, Обука за квалитативна анализа при истражување и работа со маргинализирани групи, организирана и финансиски поддржана од УНИЦЕФ - Скопје, Битола, Македонија.

4/26-30/2006 - Tito stara ikona v novih kontekstih, Roaming Anthropology, Seminar IV, Регионален семинар во организација на Одделението за етнологија и културна антропологија при Универзитетот во Љубљана и Студентското етнолошко друштво од Љубљана, Словенија како ментор, со труд под наслов: Спомениците во постсоцијалистичкиот период по примерите на градот-херој во Македонија.

6/18-20/2004 - Животот на граница, Тркалезна маса во организација на Македонското етнолошко друштво од Скопје, Р. Македонија и Центарот за етнички проучувања од Тирана, Р. Албанија, со труд под наслов: Дивергентност во етничкиот идентитет кај Голобрдците во Р. Албанија, Долно Косоврасти, Дебар, Македонија.

5/14-18/2004 - Roaming Anthropology III - Subcultures, Регионален семинар за субкултури, во организација на Клубот на студенти по етнологија и антропологија (КСЕА), при Универзитетот во Белград, Р. Србија и Црна Гора, со труд под наслов: Идентитет и идеологија на една “македонска” политичка партија, Белград, Србија и Црна Гора.

4/29-30/2003 - Български етнически модел - добри практики и поуки - ІІ част, Семинар во организација на Институтот за универзална обука од Софија, Р. Бугарија, Софија, Бугарија.

4/07-08/2003 - Законот за музеи и музејска дејност на Република Македонија, Советување во организација на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет за музеите (МНК ИКОМ) од Скопје, Р. Македонија, Берово, Македонија.

4/03 2003 - Етнички прашања на Балканот - добри практики и поуки - I дел, Семинар во организација на Институтот за универзална обука од Софија, Р. Бугарија. Во својство на предавач, Скопје, Македонија.

11/12-18/2003 - Менаџмент во културата, Семинар за обука за менаџмент во културата, за целите на Етнолошкиот образовен истражувачки центар „Растеш“ во организација на Македонското студентско етнолошко душтво (МСЕД) од Скопје, Институтот за етнологија и антропологија од Скопје, Македонија и Одделението за етнологија и културна антропологија од Љубљана, Словенија, Самоков, Македонија.

7/13-31/2003 - Balkan cultural identities: from multiple antiquities to multiplex modernity, International Summer School, Ohrid Summer University, Ohrid, (Меѓународна летна школа, Охридски летен универзитет). Во организација на Институтот Евро-Балкан од Скопје, во својство на студент, Охрид, Македонија.

11/07-11/2002 - Roaming Anthropology II - Subcultures, Регионален семинар за субкултури и нивната улога во општеството, во организација на Клубот на студенти по етнологија и антропологија (КСЕА) при Универзитетот во Белград, Р. Србија и Црна Гора, во својство на предавач со тема: Историски преглед на дејствувањето на политичките партии и политичките центри на моќ (од аспект на политичката етнологија), Охрид, Македонија.

4/25-28/2002 - Ethnic relations in Central and Eastern Europe, (Меѓуетничките односи во Централна и Источна Европа), Меѓународна конференција во организација на Факултетот за политички науки и Студентското здружение за политички науки при Јагелонскиот универзитет во Краков, Република Полска, со труд под наслов: Ethno-myths on the Macedonian political scene, Краков, Полска.

Следни испити

Ноември/Декември
П В С Ч П С Н
20212223242526
27282930123
45678910
11121314151617
18192021222324
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.