Меѓународна соработка

Институтот за етнологија и антропологија има повеќегодишна континуирана соработка со повеќе одделенија за етнологија и антропологија во регионов и пошироко во Европа. Долги години, врз база на неколку билатерални проекти соработуваме со Одделението за етнологија и културна антропологија на Филозофскиот факултет во Љубљана, потоа соработуваме со Одделенијата за етнологија и антропологија во Белград и во Загреб, и со Одделението за етнологија и антропологија од Варшавскиот Универзитет во Полска. Пред неколку години имавме успешна соработка на летна школа со Ванкувер Исланд Универзитетот и беше реализирано на гостување на десетина студенти од Канада во Македонија.

            Во рамките на неколку програми за универзитетска мобилност, CEEPUS, BASILEUS, JoinEU-SEE, нашиот Институт има одлична соработка со повеќе одделенија кои се дел од овие програми, при што повеќе наши студенти биле и во моментов се на гостување на неколку странски универзитети. Исто така, нашиот Институт е доста атрактивен за студентите од странство, така што, речиси секој семестар имаме по 2-3 студенти кои престојуваат тука, реализирајќи ја својата мобилност, студирајќи заедно со нашите студенти. Истото тоа се однесува и на мобилноста на наставниот кадар, со што се обезбедува проток на луѓе и идеи, а тоа, се разбира, го подобрува квалитетот на студиите.

 



© 2018. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.