Институтот за етнологија и антропологија нуди образовни работилници и проекти за деца и ученици од основните и средните училишта, секогаш соодветни на нивната возраст и интереси, а со цел негување и промоцијата на материјалното и нематеријалното етнолошко и антрополошко културно наследство на Македонија.
Во дел од јавните установи за деца во Скопје се организираат редовни, месечни работилници според содржините објавени подолу.
1. „Свирам да те натсвирам“ - работилница со изворни народни музички инструменти и инструменти од староградската музичка традиција;
2. „Пеам да те натпеам“ – работилница за народното и староградското пеење во Македонија;
3. „Облеката краси, облеката гнаси“ – работилница за народните носии во Македонија;
4. „Од клас до леб“ – работилница посветена на процесот на преработка на житните култури и изработки од жито;
5. „Од руно до чорапи“ – работилница посветена на обработката на волната и изработки од волна;
6. „Една приказна, една сликовница“ – проект за создавање сликовница по адаптирана приказна;