Соопштенија

30 Октомври 2017

Ноемвриска (дополнителна) сесија

Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2017/2018 год.

 

          се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите за ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од  30.10.2017 година до 03.11.2017 г. со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на шалтерот за студентски прашања. * 

Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија ќе се одвива од 06.11.2017 година до 10.11.2017 г, право на полагање имаат:

1. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2017/2018 година (запишано IX, XI, XIII И XV семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа,

2. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2017/2018 г. (запишано  III, V И VII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните.

 Студентите докажуваат дека ги реализирале академските обврски со потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2016/2017 година, термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

Задолжително  електронско пријавување, од 30.10.2017 до 03.11.2017 год. на испитите преку електронскиот “i-know” систем и електронско плаќање на 50,00 денари за административна такса, при што кодот задолжително треба да се впише во полето-таксени марки (упатството е објавено на веб страницата на ПМФ).

Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.                    

 

26.10.2017 год.                                                                                                  од  Деканатот,


15 Октомври 2017

Награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби

Институтот за етнологија и антропологија организира награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби помеѓу учениците заради популаризирање на етнолошкото и антрополошкото културно наследство во Република Македонија.

 На конкурсот можат да учествуваат сите средни училишта во Скопје, и тоа на следниве теми:

 1. Мултикултурните одлики на мојата татковина;
2. Фолклорот и народниот живот во Македонија;
3. Младински супкултури; градот и животот на младите;
4. Скопје - градот мој

Сите учесници можат да се натпреваруваат во следните категории:
1. Фото-есеј (eдна или повеќе фотографии)
2. Ликовни творби
3. Литературни творби

Може да се учествува индивидуално и/или групно, заедно со предметните наставници по ликовно и музичко образование, мајчин јазик, историја, граѓанско општество и други соодветни предмети. 

Конкурсот трае од 15 октомври од 5 декември 2017. 

Комисија составена од професори од ИЕА и од училиштата ќе ги избере најдобрите дела. Потоа ќе биде организиран посебен настан и изложба на делата во некои од училиштата и во Институтот.  Вклучените училишта, ученици и наставници-ментори ќе добијат потврди за учество.

Творбите, индивидуално или групно да се испраќаат на адреса: Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, ул. Архимедова бр. 3, П.Ф. 162, 1000 Скопје, со назнака: За награден конкурс на ИЕА.
Дополнителни информации можат да се добијат на risteski@ukim.edu.mk


<< претходно | | следно >>

Следни испити

Ноември/Декември
П В С Ч П С Н
20212223242526
27282930123
45678910
11121314151617
18192021222324
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.