Соопштенија

25 јуни 2021

Конкурс за запишување студенти во прв циклус на студиите на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ од Скопје.


23 јуни 2021

Етно:Антропо - Денови на етнологија и антропологија
25-27.06.2021 (петок, сабота, недела)
Организатор: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ

Место: Книжарница „Буква“ (позади Собрание, на отворено)

Петок, 25.6

18 часот
Средба и разговор со авторите на стрипови
„Баба Рога и другарите“ (двојазична мк/анг сликовница) од 
проф. д-р Инес Црвенковска-Ристеска, Слободан Танасковски и Александра Софрониевска
„Луѓе, животни и растенија од оној свет: збирка илустрации“ од група автори
„Скопскиот дервиш“ од проф. д-р Виктор Трајановски

19 часот
Филмска премиера
„Копче: облечи си среќа!“ (во соработка со ЦК на град Скопје) од Александра Ристовски, Елизабета Павковиќ и Виктор Трајановски 

20 часот
Промоција
„Антропологија на сексуалноста: родовост и промена на биолошкиот пол“ 
од проф. д-р Инес Црвенковска Ристеска
промотор: д-р Ана Блажева

Сабота, 26.6
18 часот
Музички настап во живо на Чалгија „Мерак“ и група студенти на ИЕА 
(Шериф Мустафа, Емилија Богдановска, Дејан Матевски)

19 часот
Филмска проекција
„Кеиф: македонска чалгиска традиција“ од Блаже Дулев

20.30 часот
Промоции
„Од етноцентризам кон хуманизам“ од проф. д-р Ана Ашталковска Гајтановска
Промотор: проф. д-р Петар Тодоров

Списание ЕтноАнтропоЗум, тематски број посветен 
на културното наследство на социјализмот 
(уредник проф. д-р Даворин Трпески)
Промотор: проф. д-р Горан Јанев

22 часот
Филмски проекции
„Премин: постот во различни религии“ на Филип Јорданов
„Зикр: дервишкиот обред во Скопје“ на Виктор Трајановски

Недела, 27.6
20 часот
Промоции
„Антропологија на смртта“ од проф. д-р Љупчо Ристески
промотор: проф. д-р Никос Чаусидис

„Етнографски извори за Македонија. Етнолошки атлас на СФР Југославија. 
Етнолошки атлас на СР Македонија. Прашање бр. 124. Раѓање, доење, прв заб, Т.1, Кн. 1 и 2“
промотор: акад. Марјан Марковиќ

22 часот
Музичко-сценски перформанс „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“
рецитатори: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов и ВИС „Тркалезна маса“ (+18 години)


14 мај 2021

БАЗАР НА РАКОТВОРБИ
МЕСТО: книжарница „Буква“ (позади Собрание)
ДАТУМ: 15.5.2021 (сабота) од 12-18 часот

По двете работилници за сликање на глина и работа со срмен конец во техника филигран, на која учествуваа сегашни и некогашни студенти од ПМФ - етнологија и антропологија, биологија, хемија, физика и географија, базарот е можност тие да ги претстават своите дела, заедно со оние на неколкумина професионални занаетчии.

Базарот е продажен, а дел од средствата ќе бидат искористени за поддршка на лице со траен инвалидитет, во соработка со Црвениот крст на Град Скопје.

Работилниците и базарот се финансиски потпомогнати од Град Скопје.


26 март 2021

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
- работилници за ракотворби -
Организатори: Македонско студентско етнолошко друштво, Институт за етнологија и антропологија и социјално претпријатие „Еснаф“

Број на работилници и ментори: 2
Број на учесници: 10 по работилница (вкупно 20, со можност за пријавување на обете работилници)
Времетраење: една средба по работилница, во траење кое ќе се договори помеѓу учесниците (најмалку 4 часа)
Платформа: Мајкрософт тимс
Планирани датуми на одржување на работилниците и базарот: средина на април и средина на мај

Актуелната пандемија го зголеми интересот за занимавање со рачна работа, како начин да се исполни слободното време, но и да се надмине наметнатиот стрес. Истовремено, купувањето домашни ракотворби овозможува занаетчиите економски да опстанат во овој тежок период.

МСЕД во соработка со социјалното претпријатие „Еснаф“ преку овие две работилници нуди запознавање со две техники:
- точкеста техника на сликање на глина (со етно мотиви) и 
- филигран изработен со срмен конец. 

За нивно следење не се потребни претходни предзнаења, туку само желба да се научи нешто ново и да се биде дел од проектот. 

Право на пријавување имаат сите студенти на кој и да е Институт или катедра на УКИМ, со тоа што предност ќе имаат студентите по етнологија и антропологија (додипломски и последиспломски студии). МСЕД ќе ги покрие хонорарите на занаетчиите, како и трошокот за материјали со кои ќе работат учесниците (глинени магнети, акрилни бои, четки, срмен конец итн.). Можно е пријавување за една или и за двете работилници, со обврска за нивно следење од почеток до крај и изработка на финален производ или производи.

Истите ќе бидат изложени на БАЗАР на ракотворби организиран пред долната зграда на ПМФ, на отворено, со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид. На базарот ќе изложуваат и други занаетчии од подрачјето на Скопје. Дел од собраните средства ќе бидат за хуманитарна цел, во договор со Црвениот крст на Град Скопје. 

Рок за пријавување: 5 април 2021, на мејл msedmses@outlook.com (Виктор Трајановски), со наведување на тоа за која работилница се пријавувате (или за двете) и број на мобилен телефон

По овој датум учесниците ќе добијат подетални инструкции околу подигнувањето на пакетите со материјали и следните чекори. 

Да креираме инспирирани од традицијата, етнолошки и еснафски!

Кратки биографски податоци за менторите

Блашка Миeва родена 1986 година во Скопје. Завршено средно уметничко училиште на отсекот текстил и облека, а дипломирана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство, со подотсек реставрација и конзервација на фрески и икони. Учествувала на многубројни изложби во земјава и во странство. Реализирала неколку проекти за мозаик на јавен простор во неколку градови во Македонија. Досега има реализирано 8  самостојни изложби. Со изработка на уникатен накит и изработка на сувенири со етно мотиви се занимава повеќе од 15 години.  Живее и работи во Скопје.

Весна Величковиќ е филигран мајстор, која 8 години изработува филиграни. Нејзините дела може да ги видите на ФБ профилот: Filigrani Velickovic/ Filigrees by Velickovic


09 февруари 2021

Оглас

за едномесечно платено ангажирање на двајца студенти од ИЕА за работен ангажман во рамките на проектот „Етнографска карта на Македонија“

Критериуми: студент на студиите по етнологија и антропологија на ИЕА во прв или во втор циклус;

Ангажман: 22 работни дена по 4 часа дневно (од 09 до 13 часот);

Надомест: 10.000 ден. во нето износ.

Заинтересираните студенти да се пријават кај проф. д-р Љупчо Ристески или кај проф. д-р Даворин Трпески.


02 јануари 2021

Известување за начинот и терминот на спроведување на Студентски избори 2020

Почитувани студенти,

Вe известуваме дека со оглед на состојбата со CoVid-19 и потребата за примена на мерки за справување со коронавирусот, собирите на студенти по Институти ќе се спроведат on-line, така што, тајното гласање за пријавените кандидати од соодветната студиска година со кое ќе се утврдат кандидатите за членови на Факултетското студентско собрание ќе се спроведе на 04.01.2021 година.

Сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 04.01.2021 година.

На изборите кои ќе се спроведат на ниво на Институти, секој студент има право на глас само за кандидатите за членови од неговата студиска програма и годината на студии во која студентот е запишан.

Гласањето за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ниво на ПМФ ќе се спроведе на 11.01.2021 година, така што, сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 11.01.2021 година.

На изборите на ниво на ПМФ, сите студенти имаат право на глас за претседател на ФСС и право на глас за сите кандидати за членови на ФСС.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите. 

 

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје

 


26 декември 2020

Избори за Претседател и членови на Факултетско студентско собрание на ПМФ

Почитувани студенти,

Вe потсетуваме дека пријавувањето на кандидати за членови на факултетското студентско собрание е во тек.

Сите заинтересирани студенти, од сите три циклуси на студии, кои го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, својата кандидатура може да ја испратат на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk најдоцна со 30.12.2020 година.

Во пријавата, освен име и презиме, задолжително треба да се наведе бројот на индекс и студиската програма на која е запишан студентот.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје

01 јули 2020

КОНКУРС 2020/2021 ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ВТОР ЦИКЛУС - МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ ПО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

Апликациите се поднесуваат во Архивата на Природно - математички факултет.


26 јуни 2020

КОНКУРС 2020/2021 ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ ВО ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ПО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

На студиите по етнологија и антропологија на Природно - математичкиот факултет во Скопје, за академската 2020/2021 година  може да се запишат:

30 редовни студенти;

35 вонредни студенти;

30 редовни студенти со кофинансирање.


© 2024. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.