Соопштенија

09 Јануари 2018

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 

С О О П Ш Т Е Н И Е  

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

 

            СЕ  ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ЗАВЕРУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД  22.01.2018 ДО 01.02.2018 ГОДИНА.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • ·ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ  НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР СО 50,00 ДЕН. АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА *
  • ·ОБРАЗЕЦ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ  НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР СО 50,00 ДЕН. АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА *
  • ·ПОПОЛНЕТ И ПОТПИШАН ОБРАЗЕЦ ЗА ЕКТС ЗА ПОЛОЖЕНИ ИСПИТИ, ОДНОСНО ЗА ОСВОЕНИ КРЕДИТИ И ЗА ПРИЈАВЕНИ ПРЕДМЕТИ КОИ ЌЕ ГИ СЛУШААТ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР (ОБРАЗЕЦОТ СЕ ПОПОЛНУВА ВО КООРДИНАЦИЈА СО КООРДИНАТОРОТ НА СООДВЕТНАТА СТУДИСКА ГРУПА-НАСОКА).
  • · УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 200,00 ДЕН. ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ ТРОШОЦИ
  • · УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 100,00 ДЕН. ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
  • · УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 100,00 ДЕН.ЗА ТЕТРАТКИ
  • · УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ 100,00 ДЕН. ЗА СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА ПМФ,  (* САМО ЗА ОНИЕ СТУДЕНТИ, КОИ ШТО САКААТ ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА       СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА ПМФ)
  • ·УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНИ СРЕДСТВА ЗА УПИС НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2017/2018 ГОДИНА ЗА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ВО ДРЖАВНА КВОТА.
    • · ИЗНОСОТ НА СУМАТА, ПРЕТСТАВУВА ЗБИР НА ВКУПНАТА СУМА ОД ЦЕНАТА НА КРЕДИТИ ПРИ ПРВО ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ И ВКУПНАТА ЦЕНА НА КРЕДИТИ ЗА ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ (ДОКОЛКУ СТУДЕНТОТ ПРЕЗАПИШУВА ПРЕДМЕТИ), СОГЛАСНО ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЕКТС ОДОБРЕН ОД КООРДИНАТОРИТЕ ЗА ЕКТС. ЦЕНИТЕ НА КРЕДИТИ СЕ ОДРЕДЕНИ СОГЛАСНО СО ОДЛУКА НА ДЕКАНАТСКА УПРАВА БР. 02-3456/2 ОД 15.02.2010 ГОДИНА,

ИЛИ,

  • · УПЛАТНИЦА ЗА УПЛАТЕНА РАТА ЗА РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ СО КОФИНАНСИРАЊЕ СОГЛАСНО ДОГОВОРОТ ПОТПИШАН СО ФАКУЛТЕТОТ. ИЗНОСОТ НА СУМАТА, ПРЕТСТАВУВА ЗБИР НА ВКУПНАТА СУМА ОД ЦЕНАТА НА КРЕДИТИ ПРИ ПРВО ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ И ВКУПНАТА ЦЕНА НА КРЕДИТИ ЗА ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ (ДОКОЛКУ СТУДЕНТОТ ПРЕЗАПИШУВА ПРЕДМЕТИ), СОГЛАСНО ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЕКТС ОДОБРЕН ОД КООРДИНАТОРИТЕ ЗА ЕКТС. ЦЕНИТЕ НА КРЕДИТИ СЕ ОДРЕДЕНИ СОГЛАСНО СО ОДЛУКА НА ДЕКАНАТСКА УПРАВА БР. 02-3456/2 ОД 15.02.2010 ГОДИНА.

 

СИТЕ УПЛАТИ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП50:

 

- назив и седиште на примач                                         ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                         НБРМ                           

- трансакциска сметка                                                   100000000063095

 - сметка на буџетски корисник на ПМФ                         1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                              723012 - 41 – 2

- цел на дознака                             ( упис на летен сем. во уч.2017/2018 г. студии по_____ )

НАПОМЕНА : 

ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО  ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2017/2018 ГОДИНА, ЌЕ СЕ ОДВИВА

ОД 09.01.2018 ДО 01.02.2018 ГОД., ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СЕ ВОДАТ ВО ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ “I-KNOW”, ЗАПИШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО  1,3,5,7,9,11 и 13 СЕМЕСТАР (СТУДЕНТИТЕ ОД  15 СЕМЕСТАР, КАКО И СТУДЕНТИТЕ  ОД 13 СЕМЕСТАР НА СТУДИИ ПО ГЕОГРАФИЈА, НЕ ТРЕБА ЕЛЕКТРОНСКИ ДА ГО ЗАПИШУВААТ ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР).

 

*Електронскиот начинот на плаќање на административна такса е објавен на web страницата на ПМФ, www.pmf.ukim.edu.mk и на огласната табла.  Кодот кој студентите,  ќе го добијат во повратната порака, како  успешна електронска уплата на администратитвната такса преку СМС, студентите се должни да го впишат при електронското запишување на летниот семестар во i-know системот (во менито запишани семестри во полето таксени за летен ссеместар 2017/2018 година) во износ од  50,00 денари.

 

26.12.2017 ГОД.                                                                                                      ОД ДЕКАНАТОТ,


29 Декември 2017

Соопштение за зимскиот испитен рок во уч. 2017/2018 година

             С о о п ш т е н и е             

за зимскиот испитен рок во учебната 2017/2018 година

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека зимскиот испитен рок во уч. 2017/2018 година  ќе се одвива во две декади и тоа:

 

прва декада во периодот од   09.01.2018 до 19.01.2018 год.

втора декада во периодот од  22.01.2018 до  31.01.2018 год.

 

Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот. При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу термините од првата и втората декада, да има минимум 10 дена.(согласно  чл. 34, од Правилникот за условите, критериумите и правилата  за студирање на прв и втор циклус студии, бр.141, 4 август 2009).

      Студентите во зимскиот испитен рок, можат да полагаат испити слушани во  зимскиот семестар во уч.2017/2018 година, како и предмети слушани во летниот семестар во уч.2016/2017 година.

 Студентите за да можат да пријават испит, треба да   уредно да им е запишана учебната 2017/2018 година, како и да имаат уредно земено потпис во индексот од предметниот професор.

- вонредните студенти  и редовните студенти со кофинансирање кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ, како и 50,00 ден. административна такса.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                 ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                 НБРМ

- трансакциска сметка                                            100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                  1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                       723013 - 41 – 2

 

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Напомена 1  (се однесува на студентите од 1 до 13 семестар)  

ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ во зимскиот  испитен  рок во уч.2017/2018 година, во  i-know системот, ќе се одвива од

27.12.2017 до 31.01.2018 година,  и е задолжително за сите студенти на ПМФ, од 1,3,5,7,9,11 и 13 семестар на www.iknow.ukim.edu.mk (студентите од студентите со запишан 13 семестар на студии по географија , не треба електронски да ги пријавуваат испитите, за нив важи Напомена 2).

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот i-Know и на денот на полагањето со себе ќе имаат хартиена пријава, а во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите.

Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот),  ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронскиот начинот на плаќање на административна такса е објавен на web страницата на ПМФ, www.pmf.ukim.edu.mk и на огласната табла.  Кодот кој студентите,  ќе го добијат во повратната порака, како  успешна електронска уплата на администратитвната такса преку СМС, студентите се должни да го впишат при електронското пријавување на испитот во i-know системот (во полето таксени). За секој испит се плаќа исклучиво по 50,00 денари. Зимскиот испитен рок во i-know системот, е внесен како 2018(зимска)прва испитна сесија.

 

Доколку имате проблеми поврзани со студиската програма (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на: - keti@pmf.ukim.mk За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на мејл адреса и сл.) - boris@pmf.ukim.mk. во пораката задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и мејл адреса со која е регистриран во системот. Кратко упатство: поле "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба. Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар. Во колоната за таксени со кликање на одреден предмет се пријавуваат административните такси кои сте ги уплатиле за пријавување на испитот, за секој предмет, треба да е во вредност од 50 денари, која  треба да биде уплатена  преку смс. Студентите задолжително да го впишат кодот на успешната уплата од повратната порака, кој треба да се внесе во прозорецот кој се појавува.

 

 

 

 

Напомена 2

(се однесува на студентите од  15  семестар и само за студентите од 13 сем. на студии по географија)

Сите студенти на ПМФ со запишан   15 семестар, како и студентитe од 13 семестар на студии по географија пријавите за испит, со 50,00 ден. административна такса ќе ги поднесувааат на веќе вообичаениот начин на шалтерот на студентски прашања, а административната такса ќе ја уплаќаат на уплатница или преку смс порака.

 Рокот за доставување на пријавите за испитите ќе се одвива во периодот  од   27.12.2017 до 12.01.2018 г.

Заверување на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар во уч. 2017/2018 година,  ќе се одвива во периодот од  22.01.2018 до 01.02.2018 година.

Наставата во летниот сeместар ќе се одвива од 01.02.2018 до 18.05.2018 година.

 

26.12.2017 година                                                                                       од Деканатот,

 

симни документ


15 Октомври 2017

Награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби

Институтот за етнологија и антропологија организира награден конкурс за фотографија, ликовни и литературни творби помеѓу учениците заради популаризирање на етнолошкото и антрополошкото културно наследство во Република Македонија.

 На конкурсот можат да учествуваат сите средни училишта во Скопје, и тоа на следниве теми:

 1. Мултикултурните одлики на мојата татковина;
2. Фолклорот и народниот живот во Македонија;
3. Младински супкултури; градот и животот на младите;
4. Скопје - градот мој

Сите учесници можат да се натпреваруваат во следните категории:
1. Фото-есеј (eдна или повеќе фотографии)
2. Ликовни творби
3. Литературни творби

Може да се учествува индивидуално и/или групно, заедно со предметните наставници по ликовно и музичко образование, мајчин јазик, историја, граѓанско општество и други соодветни предмети. 

Конкурсот трае од 15 октомври од 5 декември 2017. 

Комисија составена од професори од ИЕА и од училиштата ќе ги избере најдобрите дела. Потоа ќе биде организиран посебен настан и изложба на делата во некои од училиштата и во Институтот.  Вклучените училишта, ученици и наставници-ментори ќе добијат потврди за учество.

Творбите, индивидуално или групно да се испраќаат на адреса: Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, ул. Архимедова бр. 3, П.Ф. 162, 1000 Скопје, со назнака: За награден конкурс на ИЕА.
Дополнителни информации можат да се добијат на risteski@ukim.edu.mk


<< претходно | | следно >>

Следни испити

Јануари/Февруари
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
2930311234
567891011
12131415161718
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2018. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.