д-р Крсте Богоески

Предмети



Биографија

Во текот на целиот работен век, основна преокупација на д-р Крсте Богоески (1943 г., с. Турје, Дебарца – 2019 г., Скопје) била музеологијата. За време на неговиот работен ангажман како професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 1995 г. до 2009 г. на студиите по етнологија и антропологија предавал предмети поврзани со музеологијата и заштитата на културното наследство на трите циклуси академски студии. Учествувал и придонесувал во изработката на правилници (на пр.: Стандардизација на музејската документација) и уредби (на пр.: Заштита накултурните добра во вонредни состојби). Повеќепати бил советник во реализацијата на повремени и постојани музејски изложби во музејски институции, како и рецензент на низа значајни стручни дела поврзани со заштитата на културното наследство. Активно учествувал во повеќе стручни асоцијации, од кои позначајни се: член, секретар и претседател на Музејското друштво на Македонија, член на Македонското етнолошко друштво, член на Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ), член на ИО на Југословенскиот национален комитет на ИКОМ (1980 г. – 1985 г.), потпретседател на Културно-историската секција при Сојузот на музејските друштва на Југославија, член на Консултативниот комитет на ИКОМ, од 1986 година бил член на Меѓународниот комитет за музеологија (ИКОФОМ) и др. Особено е значаен по тоа што, по осамостојувањето на Македонија, е идеен творец и прв претседател на Македонскиот национален комитетна ИКОМ во два мандати. Со негово лично залагање во 2002 година е основан Македонскиот национален комитет на Синиот штит, и тој е избран за прв претседател, функција што успешно ја извршувал во тримандати (2002 г. – 2012 г.). Од 2008 до 2014 година бил член на Бордот на Асоцијацијата на национални комитети на Синиот штит и советник во Бордот на Меѓународниот комитет на Синиот штит. Бил главени одговорен уредник на Museologica Macedonica – списание на Македонскиот национален комитет на ИКОМ (1995 г. – 2001 г.) и главен и одговорен уредник на списанието Етнолог на Македонското етнолошкодруштво (2001 г. – 2004 г.). Исто така, учествувал во редакцијата на неколку научни и стручни списанијакако што се ЕтноАнтропоЗум – списание на Институтот за етнологија и антропологија и меѓународното електронско списание на Македонскиот национален комитет на Синиот штит – Е-штит. 

Кратка биографија и образование

Крсте Богоески завршил основно образование во 1958 година во с. Врбјани (Охридско), средно образование во 1962 година во Битола, а во 1968 година дипломирал на студиите по Историја наФилозофскиот факултет во Скопје. Бил стипендист на Владата на Франција за самостојно истражување воУНЕСКО во Центарот за документација на ИКОМ и следел постдипломски курс по современа музеологија на Универзитетот Сорбона IV во Париз во периодот од 1977 до 1978 г. Во 1978 година на Универзитетот во Загреб, Хрватска, ја одбранил магистерската тема „Музејската мрежа во Македонија“ (Muzejska mreža u Makedoniji) и се стекнал со научниот степен магистер по музеологија, а во 1992 година, исто така воЗагреб, ја одбранил докторската дисертација „Модел на музеолошка обработка на историски период –според примерот на музеолошката интерпретација на аграрните односи во Скопската каза од 1839 до 1912 година“ (Model muzeološke obrade povijesnog razdoblja – na primjeru muzeološke interpretacije agrarnih odnosa u Skopskoj kazi od 1839. do 1912. godine) и се стекнал со научниот степен доктор по музеологија.

Работа во институција

Музеј на град Скопје, кустос историчар и кустос советник;1995 г. – 2000 г. доцент на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; 2000 г. – 2005 г. вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; 2005 г. – 2009 г. редовен професор на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиотфакултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Книги

Истражувачката и публикувачката дејност на К. Богоески била насочена главно кон музеологијата,посебно кон етнолошката музеологија. Негови позначајни студии се Музеолошки речник (2018) во кој, во речнички манир, се обработени и претставени најважните поими од сферата на музеологијата, како и публикацијата Музеите во Република Македонија (2015) во која се изнесени есенцијалните податоци за историјатот и дејноста на музејските институции во Македонија. К. Богоески, исто така, во публикацијата Модел на музеолошка обработка на историски период – според примерот на музеолошката интерпретацијана аграрните односи во Скопската каза од 1839 до 1912 година (1999), што произлегла од неговата докторска дисертација, нуди теоретски модел на музеолошка обработка на еден историски период.

Трудови и конф.

Библиографија

Книги

2018. Музеолошки речник. Скопје: Македонски национален комитет на Меѓународниот комитет на музеите (МНК ИКОМ).

2015. Музеите во Република Македонија (коавторство со Захаринка Алексоска Бачева, Бранислава Михајлова). Скопје: Македонски национален комитет на Меѓународниот комитет на музеите (МНК ИКОМ).

2015. Museums in the Republic of Macedonia (коавторство со Zaharinka Aleksoska Baceva, Branislava Mihajlova). Skopje: Macedonian national committee of International committee of the museums (MNC ICOM).

1999. Модел на музеолошка обработка на историски период – според примерот на музеолошкатаинтерпретација на аграрните односи во Скопската каза од 1839 до 1912 година. Скопје: Природно-математички факултет и Музеј на град Скопје.

1998. Општа историја со историја на балканските народи. Скрипта за студентите на студиите поетнологија. Скопје: ПМФ – Завод за етнологија.

1996. Упатство за прибирање, чување и одржување етнолошки материјал во училиштата и другите немузејски институции (коавторство со Нијази Лиманоски). Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија.

1996. Етномузеологија. Скрипта за студентите на студиите по етнологија. Скопје: ПМФ – Завод заетнологија.

Статии

2019. „Безбедност на музејските колекции и заштита од пожар“. Е-штит 5. Скопје: Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 49–58.

2018. „Обука на кадрите за справување со природни и други несреќи – состојби и можности во РепубликаМакедонија“. Е-штит 4. Скопје: Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 19–28.

2018. „Приоритети при заштитата на музејските културни добра“. Е-штит 5. Скопје: Здружение за заштитана културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 81–89.

2018. „Дваесет години Син штит“. Е-штит 3. Скопје: Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 15–24.

2015. „Методи на процена на ризиците на културното наследство во депоата на музеите во Македонија“.Е-штит 2. Скопје: Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 107–126.

2015. „Невладините организации и имплементацијата на Вториот протокол од Хашката конвенција“.Е-штит 2. Скопје: Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 81–90.

2013. „Некои стратешки приоритети во заштитата на музејските добра во Македонија“. Е-штит 1. Скопје:Здружение за заштита на културното наследство во опасност, Македонски национален комитет на Синиот штит, 61–67.

2004. „Етнологијата во Македонија и музеологијата – односни низ постојаната изложба“. Етнолог 10.Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 163–179.

2002. „Presentational communication – real or virtual“. ICOFOM study series – ISS 33b. München, 32–34.

2001. „Ethnological heritage in the function of development of the mountains regions“. Природният потенциали устойчивото развитие на планинските райони. Сборник – доклади. Враца, 388–394.

2001. „Вистинскиот идентитет кај некои примери од архитектурата во селата Брест, Растеш, Белица, Црешнево и Ковач, Порече“. 70 години од истражувањата на Јозеф Обрембски во Порече, Р Македонија. Меѓународен научен собир, Самоков, 14–16 септември 2001. Прилеп: Институт за старословенска култура,337–345.

2001. „Селекција на музеалиите на определен историски период“. Зборник Историја 2. Скопје: Музеј на Македонија, 7–12.

2001. „Ivo Maroević: Uvod u muzeologiju, Zagreb, 1993“. Зборник Историја 2. Скопје: Музеј на Македонија.

2001. „Музеите за мирот и хармонијата во општеството“. Museologica Macedonica 5–6. Скопје: МНКИКОМ, 51–57.

2001. „Печење вар во село Доленци, Демирхисарско – етнографски и музеографски аспекти“. Зборник од Вториот конгрес на географите на Македонија. Скопје: Македонско географско друштво, 397–400.

2000. „Културното богатство и недозволената трговија со него“. Museologica Macedonica 3–4. Скопје: МНКИКОМ, 11–17.

2000. „Кодексот на стручната деонтологија во доменот на заштитата на музејските предмети“. MuseologicaMacedonica 3–4. Скопје: МНК ИКОМ, 53–64.

2000. „Стандардизација на музејската документација“. Museologica Macedonica 3–4. Скопје: МНК ИКОМ,87–99.

1999. „Меѓународно јадро на стандарди на податоците за етнологијата/етнографијата – компаративнипредности“. Годишен зборник – Географија 33–34. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Институт за географија, 205–214.

1998/1999. „Мухаџирите во Скопскиот санџак по 1877 година“. Историја XXXIV/XXXV/1–4. Скопје:Сојуз на друштвата на историчарите на Република Македонија, 15–26.

1998. „Етапи за сукцесивно каталогизирање на предметите што доаѓаат во музејот“. Зборник VIII. Штип:Завод за заштита на спомениците на културата и народен музеј, 81–85.

1997. „Музеите во Македонија во периодот на транзицијата“. Museologica Macedonica. Скопје: МНКИКОМ, 15–23.

1997. „Да се колекционира денес за утре“. Museologica Macedonica. Скопје: МНК ИКОМ, 71–81.

1997. „Носителите на информации – основна претпоставка за музеолошка обработка на историскиот период“. Зборник VII. Штип: Завод за заштита на спомениците на културата и народен музеј, 71–75.

1997. „Патописите за исхраната во Македонија“. Етнолог 7–8. Скопје: Здружение на етнолозите наРепублика Македонија, 130–136.

1984. „Младинската организација на Тиквешијата од ослободувањето во 1944 до мај 1945 година“.Тиквешијата во НОВ 1941–1945 (материјали од Научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци). Кн. 4. Политичките организации и народната власт. Кавадарци – Неготино: Општински одбори на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ.

1984. „Организација и активност на СКОЈ и НОМСМ по ослободувањето на Тиквешијата“. Тиквешијата во НОВ 1941–1945 (материјали од Научниот собир одржан на 21 и 22 јуни 1982 год. во Кавадарци). Кн. 4.Политичките организации и народната власт. Кавадарци – Неготино: Општински одбори на Сојузот наздруженијата на борците од НОВ, 93–103.

1983. „Да се биде во чекор со времето. Самоуправната преобразба на музејската дејност во Македонија“.Комунист 1362, 22 април 1983. Скопје: Култура, 19.

1982. „Музеолошка обработка на периодот на социјалистичката изградба на Скопје“. Музејски гласник.Скопје: Историски музеј на Македонија, 35–41.

1982. „Некои прашања на организацијата на документарно-информативната дејност во музејските установиво Македонија“. Материјали за степенот на користење на научните информации во СР Македонија.Скопје, 64–68.

1980. „30 години самоуправување во Скопје (1950–1980)“. Каталог. Скопје: Музеј на град Скопје, 1–40.1979/1980. „Muzejska mreža u Makedoniji“. Zbornik radova Muzeja revolucije Bosne i Hercegovine V–VI/5–6.Sarajevo, 343–354.

1979. „Народниот фронт на Скопје во периодот на обновата (1944–1945)“. Прилози за Илинден. Совет„Десет дена Крушевска Република“ – Научно-културни средби – Крушево III. Скопје, 487–492.

1979. „Младината и обновата“. Студентски збор 783–784. Скопје: УО на Сојузот на студентите, 24.

1979. „Младината и обновата“. Студентски збор 785. Скопје: УО на Сојузот на студентите, 24.

1979. „Проблеми на музејската документациона и информативна служба во музејските установи воСР Македонија“. Informatica museologica 10/2–3. Zagreb: Muzejski dokumentacijski centar, 48–68.

1974. „25 godina Muzeja grada Skopja (1949–1974)“. Informatica museologica 5/27, Zagreb: Muzejskidokumentacijski centar, 17–18.

1974. „100 години железници во Македонија – времена изложба“. Историја X/1. Скопје: Сојуз наисториските друштва на СР Македонија, 357–377.

1974. „30 години слободно Скопје“. Скопје.

1973. „Илинден 1903–1973 – времена изложба“. Музејски гласник 2. Скопје: Историски музеј на Македонија,138–141.

Проекти

2000 г. – 2002 г. „Музеализација на земјоделската опрема во Струмичко и Малешево и занаетите поврзани со неа“. Учесници: ас. м-р Љупчо Неделков и ас. м-р Мирјана Мирчевска. Раководител на проектот: д-р КрстеБогоески, редовен професор на ИЕА при ПМФ – Скопје. Финансиска поддршка: Министерство за наука на Република Македонија.

© 2026. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.