Поранешни соработници м-р Елизабета Павковиќ

Предмети



Кабинет Библиотека Дир. телефон 023216630 Email betipavko@yahoo.com

Биографија

Библиотекар во пензија

М-р Елизабета ПАВКОВИЌ, е родена на 5 март 1962 г. во Скопје. Павковиќ завршила средно образование во 1981 г. во гимназијата „Цветан Димов“ во Скопје. Се запишала на студиите по етнологија на Заводот за етнологија при Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во 2002 г. се стекнала со звањето дипломиран етнолог. На Институтот за етнологија и антропологија на истиот факултет се запишала на магистерски студии на насоката Етнологија на Македонците, каде што во 2009 г. се стекнала со звањето магистер по етнолошки науки со трудот „Семеен албум како извор за проучување на идентитетот кај Мијаците“.

Работа во институција

2004 г. – 2007 г.

Демонстратор на Заводот за етнологија, Институт за географија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

2007 г. – 2010 г.

Помлад асистент на Институтот за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

2010 г. – 2014 г.

Асистент на Институтот за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

2014 г. – 

Советник за библиотечно работење на Институтот за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Книги

2014. Семеен албум: Наративи, сеќавања и идентитет кај Мијаците во Република Македонија. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ.

Монографијата Семеен албум: Наративи, сеќавања и идентитет кај Мијаците во Република Македонија на авторката Елизабета Павковиќ овозможува увид во визуелниот извор – фотографијата, преку кој може да се проучува идентитетот и етничноста – преку односот на имателите на визуелниот материјал и преку погледот на стручната и на научната мисла. Текстот успешно ја третира поставената тема и проблематика што во македонската етнологија е нова во смисла на методологијата и техниката на истражување, иако станува збор за дел од областа на визуелната антропологија што е актуелна во светот, односно рамноправна со сите други теориски достигања во методологијата и техниките на истражување во етнологијата и социокултурната антропологија.

Од етнолошка гледна точка, погоден е моментот на постанок, развој и широка популарност на фотографијата во Македонија, особено до средината на 20 век, кога локалната традициска култура на Македонците била сè уште јасно препознатлива на село и по градовите и кога фотографиите зазеле важно место во популарната култура, така што, покрај иконата, огледалото и везените крпи, фотографиите стануваат значајни современи икони врамени и застаклени, обесени на ѕидовите во селските и во градските куќи. При обработката на теренските аудиски и визуелни материјали, авторката Е. Павковиќ применила комплементарни методи во етнологијата и социокултурната антропологија, како што се културно-историскиот метод на следење на појавите во процесите и функционалниот метод на истражување на општествено условените појави.

 

Трудови и конф.

Библиографија

2020. Турбињата во Скопје. Каталог. Во коавторство со Виктор Трајановски. Скопје: Центар за етнолошки истражувања и применета антропологија.

2016. „Студентска академска мрежа ’Преминување на границите‘: ’Промислувајќи ги балканските идентитети – динамики на простор и време: 22 – 25.5.2008 год. Корча, Албанија‘“. ЕтноАнтропоЗум 6. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 256–260.

2015. „Мементо: Сто години од раѓањето на Благоја Дрнков: Прва работа је светлоста! – разговор со Благоја Дрнков (1914 – 2012). Разговор и фотографија Е. Павковиќ“. ЕтноАнтропоЗум 12. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 152–169.

2015. „Визуелната антропологија во Словенија: Разговори и промислувања со Нашко Крижнар, Јелка Пшајд и Јоже Рехбергер Огрин (разговорите ги водела Елизабета Павковиќ)“. ЕтноАнтропоЗум 12. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 10–37.

2014. Семеен албум: Наративи, сеќавања и идентитет кај Мијаците во Република Македонија. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ.

2014. „Разговор со професорката Анета Светиева – слики од детството“. За етнологијата – безброј прагови сме преминале – за Анета Светиева. Ур.: Љупчо С. Ристески, Ана Ашталковска Гајтаноска. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ.

2011. „Белиот вез во Валандовско“. Зборник Етнологија н.с. 4. Скопје: Музеј на Македонија, 43–52.

2010. „VIII меѓународна студентска конференција ’Преминување на границите‘ (Задар, Република Хрватска, 22 – 25 април 2010): Истражување на секојдневниот живот во Југоисточна Европа: Идентитет, култура и претставување“ / „8th International student conference ’Border crossings‘ (Zadar, Republic of Croatia, 22 – 25th April 2010): Examining every-day life in SE Europe: Identity, culture and representation“. ЕтноАнтропоЗум 8. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 214–217.

2009. „Акција и контемплација“. ЕтноАнтропоЗум 7. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 110–118.

2005. „Традиционален начин на добивање свила во Валандовско“. Етнолог 11. Скопје: Македонско етнолошко друштво, 170–186.

2005. „Етнички и национален идентитет по избор“. ЕтноАнтропоЗум 5. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 114–139.

2005. „Летна школа по антропологија, етнографија и компаративен фолклор на Балканот: Коница, Грција, 30.7. – 12.8.2006“. ЕтноАнтропоЗум 5. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, 334–341.

2004. Свилена нишка: Традиционален начин на добивање свила и нејзината употреба во Валандовско [електронска книга]. Во коавторство со Милица Јовановиќ. Скопје: Македонско студентско етнолошко друштво.

2002. „Посмртни обичаи во Порече“. 70 години од истражувањата на Јозеф Обрембски во Порече, Р Македонија. Меѓународен научен собир, Самоков, 14 – 16 септември 2001. Главен и одговорен уредник Танас Вражиновски. Прилеп: Институт за старословенска култура, 427–432.

Конференции, семинари, летни школи

2012 г.

Х меѓународна студентска конференција Border Crossing, „(Re)Searching Europe: Narrating the Past, making the Present and imaging the Future“, Истанбул, Турција, со темата „About Memory, Memories and Family Photos“.

2010 г.

VIII меѓународна студентска конференција Border Crossing, „Examining everyday life in s.e. Europe: identity, culture and representation“, Задар, Хрватска, со темата „Family album as a source for the study of identity of the Miyaks“.

2008 г.

Меѓународна конференција „Социјални и духовни аспекти на материјалната култура“, одржана во Охрид, Р Македонија, во организација на Институтот за етнологија и антропологија, со темата „Коприната во народното текстилно творештво во Валандовско“; член на организациониот тим.

2008 г.

VI меѓународна студентска конференција Border Crossing, „Rethinking Balkan identities: The dynamics of space and time“, Корча, Албанија.

2006 г.

Меѓународна летна школа по антропологија, етнографија и компаративен фолклор на Балканот, Корча, Албанија.

 

Проекти

2023 г.

„Дигитализација на збирката на професорката Галаба Паликрушева (1928 – 2009)“, проект организиран од Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје, финансиран од Министерството за култура на РС Македонија за 2023 година. Раководител на проектот Инес Црвенковска Ристеска. Учесници во проектот: Елизабета Павковиќ и Бојана Мирчевска Чаковска.

2022 г.

„Дигитализација на збирката на професорот Ѓорѓи Здравев (1941 – 2007)“, проект организиран од Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје, финансиран од Министерството за култура на РС Македонија за 2022 година. Раководител на проектот Инес Црвенковска Ристеска. Учесници во проектот: Елизабета Павковиќ и Бојана Мирчевска Чаковска.

2022 г. – 2024 г.

„Етнолошки и антрополошки лексикон на Македонија. Личности и дела“. Проект на ИЕА. Раководител на проектот проф. д-р Љупчо С. Ристески. Проектот е финансиран од интегративните средства на УКИМ. Учесници во проектот: д-р Љупчо С. Ристески, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Илина Јакимовска, д-р Даворин Трпески, д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, д-р Инес Црвенковска Ристеска, д-р Виктор Трајановски, Бојана Мирчевска, м-р Елизабета Павковиќ.

2022 г.

„Етнографски извори за Македонија. Етнолошки атлас на СФР Југославија. Етнолошки атлас на СР Македонија. Материјали од Прашалникот бр. 4, прашање бр. 121 – Обичаи пред самата свадба, венци, свадбена оглавка (украси на глава)“. Истражувачки макропроект, раководител проф. д-р Љупчо С. Ристески. Учесници: м-р Елизабета Павковиќ, Бојана Мирчевска, д-р Виктор Трајановски. Проект од национален интерес во областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство, финансиран од Министерството за култура на РСМ за 2022 година.

2010 г. – 2012 г.

„Обрасци и дилеми на етнокултурните идентитети помеѓу Европа и Азија. Етнографска анализа и споредби на претставите за просторот во Македонија и Словенија“. Носител на проектот и главен истражувач во Македонија д-р Љупчо Ристески, вонр. професор на ИЕА при ПМФ – Скопје. Учесници: проф. д-р Љупчо Ристески, проф. д-р Мирјана Мирчевска, доц. д-р Илина Јакимовска, ас. м-р Даворин Трпески, ас. м-р Елизабета Павковиќ, ас. м-р Ана Ашталковска. Финансиска поддршка: Министерствата за образование и наука на Македонија и на Словенија.

© 2026. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.