Вонреден професор д-р Илина Јакимовска

Биографија

2013 - Вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предмети: Историска антропологија, Антропологија на фолклор, Визуелна антропологија, Aнтропологија на род, Социјална култура на Македонците.

2008 - доктор по етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ - Скопје на тема: Телото во народната култура: нормирање, воспитување, надзор и казнување.

2003 - магистер по етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ - Скопје, на тема: Етичко-нормативната функција на поговорките и социјалната култура на Македонците.

1994 - дипломиран етнолог на Институтот за етнологија и антропологија при УКИМ - Скопје.

Објавени трудови (избор):

2017 "If You Are a Girl, Stay At Home" - Ethnographic Examination of Female Social Engagement from the Rural 19th Century to Contemporary Political Protests in Macedonia, Philosophy and Society 28 (1).

2015 - Klaus Roth (ed.): Changing Paradigms. The State of the Ethnological Sciences in Southeast Europe [= Ethnologia Balkanica vol. 17/2014]. Berlin, Zurich: LIT 2015 (ISBN 978-3-643-90621-2), pp 177-191.

2015 - „50 нијанси мерак: атипични сексуални однесувања во македонските митови и во фолклорот“, Зборник од конференција „За љубовта“, одржана 6.6.2014 во Скопје, Здружение за компаративна книжевност на Македонија и Здружение на класични филолози „Антика“, стр.179-187.

2014 - „Реално и идеално: промената на родовата парадигма во македонската етнологија“, во: „За етнологијата: безброј прагови сме преминале“ (зборник посветен на Анета Светиева), ИЕА, Скопје, стр. 109-121.

2011 - "Naprijed je bilo bolje: apologija nostalgicnog gena", Sarajevske sveske br. 29/30.

2010 - Text as Laboratory: Science Fiction Literature as Anthropological Thought Experiment, with Dragan Jakimovski. Presented at Belgrade conference "Our world, other worlds: Anthropology, Science-fiction and cultural identities" (December 2009), Antropologija 10, vol. 2, pp.53-63.

2008 - A Life Withouth Health is a Useless Life: Comparing folk and biomedical interpretations of disease in Macedonia. Ars&Humanitas, Revija za umetnost in humanistiko Filozofske fakultete Univerze v Ljubljani, pp. 95-120.

2008 The Good, the Beautiful and the Ugly: Criteria for Evaluation of Corporal Beauty in Macedonian Traditional Culture. Antropologija 5, Casopis za etnoloska i antropoloska istrazivanja Filozofskog fakulteta u Beogradu, Beograd.

2006 Политика на телото: механизми на надзор, дисциплина и казна во македонската народна култура. Балканска слика на светот, Зборник од меѓународната научна работилница одржана во Скопје, 5-6 декември 2005, МАНУ, Скопје, стр. 327-343.

2005 Етичко-нормативните аспекти на поговорките од шопско-македонската област, Етнолог, бр.11, Скопје, 51-57.

2005 Колкава е таа „мала“ разлика? - историската антропологија наспроти традиционалната историја, поговор кон книгата „Европското семејство: историско-антрополошки огледи“ од Михаел Митерауер, Слово, Скопје.

2001 Во потрага по човекот од минатото-врска меѓу историјата и сродните дисциплини и провербијалната мудрост, ЕтноАнтропоЗум, бр. 1, Скопје.

2001 Кон книгата „Македонија-политика на идентитет и разлика“ / "Macedonia-The politics of identity and difference", Ed. Jane K. Cowan, Pluto Press, London/Sterling, Virginia, 2000, ЕтноАнтропоЗум, бр. 1, Скопје.

2001 Теолошки, уметнички и етнолошки аспекти на ликот на Св. Јован Крстител, ЕтноАнтропоЗум, бр. 1, Скопје.

1999 Searching for Yesterday's Man: Connecting Historical and Related Research with Proverbial Wisdom, De Proverbio, Electronic Journal of International Proverb Studies, www.deproverbio.com, vol. 5, n.1.

Преводи

„Зен и уметност на поправање мотори“ од Роберт Пирсиг, Слово, 2003.

„Жената и родот во исламот“, Лејла Ахмед, Слово, 2004.

„Визуелни методи во општествените истражувања“ од Маркус Банкс, Табернакул, 2009.

„Зошто мажите се коцкаат, а жените купуваат чевли“ од Алан С. Милер и Сатоши Каназава, Табахон, 2010.

„Парчиња мозаик: есеј за создавањето на Македонија“ од Џонатан Шварц, Табахон, 2010.

„Тие имаат збор за тоа: лексикон на непреводливи зборови и изрази“ од Хауард Реинголд, Табахон, 2011.

„Во потрага по загубеното време“ од Борис Дежуловиќ, Табахон, 2013.

„Светлина на работ од светот: патување низ културите што исчезнуваат“ од Вејд Дејвис, Табахон, 2014.

„Антропологот како писател“ од Клифорд Гирц, Табахон, 2016.

***

Консултант на филмовите „Прашина“ (2001) и „Мајки“ (2010) на Милчо Манчевски.

Личен блог за култура и популарна наука Букбокс

Книги

2017 Сè пројде: Југославија во спомените на луѓето од Македонија (ко-уредник), издавачи: Форум цивилен мировен сервис, ИЕА и Центар за истражување на национализмот и културата, Скопје.

2009 Телото: етнолошко-антрополошка студија. Слово, Скопје.

2007 Хрестоматија на текстови “Другоста во етнологијата“ (уредник на изданието заедно со д-р Љупчо Ристески), Институт отворено општество, Скопје.

2004 Амбар на душата - етичкото во поговорките, Слово, Скопје.

Две збирки поезија, „Сонце во тегла“ и „Најважната игра“ (издадени од Табахон, Скопје).

Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.