„Љупчо Неделков (1964 г., Кавадарци – 2012 г., Скопје ) беше посветен теренски истражувач кој многу темелно ги спроведуваше теренските истражувања. Беше особено вешт во воспоставувањето контакти со соговорниците, знаеше и умееше да им пристапи и од нив да добие одговори кои поради суптилноста, длабоко личниот и емотивниот карактер, тешко се добиваат“ (Мирчевска 2013: 237). Како наставник по етнологија и антропологија на Институтот за етнологија и антропологија, на додипломските студии држел предавања по предметите:Етнологија на Азија, Антропологија на религија, Менаџмент во културата, Теренска етнологија III, Етнологија на Власите во Македонија, Етнологија на Кина, Антропологија на туризам. На постдипломските студии бил предметен наставник по предметите: Етнологија на Македонија, Применета антропологија и антропологија на туризмот, Антропологија на алтернативен туризам, Антропологија на граѓански културен активизам и др. Бил член на комисии за оценка и јавна одбрана на дипломски, магистерски и докторски работи на Институтот за етнологија и антропологија. Во текот на својот релативно краток работен век колегата д-р Љупчо Неделков учествувал на повеќе домашни и меѓународни конференции со свои трудови (Ристески 2014: 136).
Кратка биографија и образование
Во учебната 1983/1984 г. се запишал на студиите по етнологија на Природно-математичкиот факултет. Дипломирал во 1989 година. Во 1990 година се запишал на постдипломските студии по етнологија на Филозофскиот факултет на Одделението за етнологија во Белград. Под менторство на проф. д-р Ѓурѓица Петровиќ ја пријавил магистерстката теза под наслов „Народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија“ и успешно ја одбранил во 1996 година на Универзитетот во Белград со што се стекнал созвањето магистер по етнолошки науки. Во 1998 година пријавил тема за докторска дисертација под наслов „Обредите на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш“ под менторство на проф. д-р АнетаСветиева. Во 2003 година успешно ја одбранил и се стекнал со научното звање доктор по етнолошки науки.
Работа во институција
Во 1990 година бил избран за стручен соработник на тогашниот Завод за етнологија при Институтот за географија на Природно-математичкиот факултет. Во 1993 година бил избран во звањето помлад асистент на Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ, Скопје. Во 1997 година се стекнал со звањето асистент на Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ, Скопје. Во 2004 година бил избран во наставно-научното звање доцент на Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ, Скопје.Во 2009 година бил реизбран во звањето доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Неделков, Љупчо. Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш. Скопје:Институт за етнологија и антропологија, 2014, 252 стр.
Студијата „Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш“ е обемна студија посветена на еден исклучително важен сегмент од човековото живеење – животот на поединецот од раѓањето па сѐ до смртта, обработен низ теориската призма на обредите на премин, добро позната и широко употребувана методологија во светски рамки. Теориската анализа со која се дава основата на истражувањето е реализирана врз богат теренски материјал собран во Тиквеш за време на неколкугодишните емпириски истражувања на авторот (Ристески 2014: 134). Студијата е конципирана во три главни содржински блока:раѓање, свадба и смрт. Раѓањето, свадбата и смртта како кризни моменти од животот на секој човек се причина за преземање конкретни обредни дејства со цел да се воспостави нова социјална рамнотежа во социјалната заедница на микрокосмичко ниво. Семејната структура треба да се реорганизира во текот на обредните активности со цел таа да не се наруши во негативна смисла.
Nedelkov, Ljupcho. Ethnic, Religious and Linguistic Diversity in Afghanistan. Skopje 2009 (приватно издание).
Оваа книшка во форма на сепарат е изработена врз база на различна литература што се однесува на етничките, религиските и јазичните различности во Авганистан и се користела како прилог кон предавањата од групата предмети за воневропски народи.
Неделков, Љупчо. Народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија. Скопје: Институтза етнологија и антропологија, 2009, 220 стр.
Во студијата посветена на народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија се испреплетени две специфични полиња на истражување и познавање, едното поврзано со народната носија, а второто поврзано со познавање на етнографијата на заедницата на Власите и Саракачаните во Македонија и на Балканот. Попрецизно, во студијата се обработени традиционалните форми на народната носија и нејзиниот развиток кај Власите Фаршериоти, кај Власите Карагуни и кај мегленските Власи. Исто така, обработена еи народната носија на заедницата на Саракачаните во Македонија (Ристески 2014: 132).
2008 г. International Workshop „Nordcaps Balcimic Course 2008 in Macedonia“, Ohrid, 8 – 13 June. Реферат: Ethnic,Religious and Linguistic Diversity in Afghanistan.
2008 г. Меѓународна конференција „Социјални и духовни аспекти на материјалната култура“, Охрид. Реферат: „Семиотика на погребот“.
2006 г. Симпозиум посветен на 60 години од работата на Институтот за историја. Реферат: „Виновата лоза и виното, носители на кодирани семиотички вредности во обредно-религискиот концепт на Македонците“.„Бугарски етнички модел – добри практики и поуки“, семинар во организација на Институтот за историја од Софија, Р Бугарија.
1996 г. II меѓународен научен етнолошки симпозиум „Традициите во исхраната на балканските народи“, 8 – 10 мај, Банско, Струмица.
1995 г. Прв конгрес на географите на Република Македонија, Охрид.
1993 г. Меѓународен научен етнолошки симпозиум, Тетово.
1991 г. XXIV конгрес на Сојузот на етнолошките друштва на Југославија, 25 – 28 септември, Струга.
Најголем дел од објавените статии на Љупчо Неделков се однесуваат на народната религија и поконкретно на обредите на премин од животниот циклус со посебни осврти на раѓањето, свадбата и смртта во македонската народна религија, поспецифично во Тиквеш. Други области на кои се посветил во своите статии се: етничкиот идентитет на Власите и нивната народна носија, како и на Сракачаните во Македонија со нивната народна носија и исхрана.
Библиографија
1992. „Култ на мртвите – обичаи и верувања во Неготино“. Етнолог 2. Скопје: Македонско етнолошкодруштво, 52–61.
1992. „Народната носија во Долна Преспа“. Македонски фолклор XXV/50. Скопје: Институт зафолклор „Марко Цепенков“, 173–190.
1994. „Сточарството во Долна Преспа“. Етнолог 4–5. Скопје: Македонско етнолошко друштво, 188–197.
1997. „Традиционалната исхрана на Саракачаните во Македонија“. Етнолог 7–8. Скопје: Македонскоетнолошко друштво, 108–114.
1997. „Саракачаните во Република Македонија – доселување, распространетост, современа состојба“. Зборник на трудови од Првиот конгрес на географите на Република Македонија. Скопје: Друштво на географите на Република Македонија, 103–113.
1998. „Основни карактеристики на влашките народни носии во Македонија“. Balkanoslavica 25.Прилеп: Институт за старословенска култура, 113–136.2001. „Носиите на Саракачаните во Република Македонија“. ЕтноАнтропоЗум 1. Скопје: Институтза етнологија и антропологија, 192–208.
2004. „Народно-религиски концепт на смртта и декодирање на пораките со смртен предзнак вонародната традиција на Македонците“. Етнолог 10. Скопје: Македонско етнолошко друштво, 42–50.
2005. „Етноисториски карактеристики на Тиквеш“. Историја XLI/1–2. Скопје: Сојуз на историчаритена Република Македонија, 53–63.
2005. „Обредната структура раѓање кај Македонците во Тиквеш“. ЕтноАнтропоЗум 5. Скопје:Институт за етнологија и антропологија, 214–236.2009. „Етничкиот код на Власите на Балканот“. ЕтноАнтропоЗум 6. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, 220–255.
2009. Ethnic, Religious and Linguistic Diversity in Afghanistan. Skopje: Ljupcho Nedelkov.
2009. „Симболичкиот статус на природата во обредите од животниот циклус кај Македонците воТиквеш“. Социјалните и духовните аспекти на материјалната култура. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, 336–350.
2009. Народната носија на Власите и Саракачаните во Македонија. Скопје: Алфа 9.
2011. „Прашање за идентитетот на македонскиот народ: Симболичниот код за личен и колективен идентитет“. ЕтноАнтропоЗум 9. Скопје: Институт за етнологија и антропологија, 36–54.
2012. „Култот кон виновата лоза и виното во Македонија“. Етнолог 14. Скопје: Македонско етнолошко друштво, 110–122.
2014. Обреди на премин од животниот циклус на Македонците во Тиквеш. Скопје: Институт за етнологија и антропологија.
Од 1999 година до 2004 година Љупчо Неделков бил вклучен во повеќе научноистражувачки проектина Институтот за географија и на Заводот за етнологија при ПМФ:
„Традициската култура во Словенија и Македонија“, меѓународен научноистражувачки проект на Заводот за етнологија при Институтот за географија на ПМФ и на Одделението за етнологија и културна антропологија на Филозофскиот факултет во Љубљана, Р Словенија, под раководство на проф. д-р Анета Светиева.
„Етнолошко и културно-антрополошко проучување на Порече“, национален проект на Заводот заетнологија при Институтот за географија на ПМФ, под раководство на проф. д-р Анета Светиева.„ЕтноАнтропоЗум“, проект на Заводот за етнологија – годишно мултимедијално електронско списание од областа на етнологијата, социокултурната, лингвистичката и теориската антропологија, главен и одговорен уредник проф. д-р Анета Светиева.
„Музеализација на земјоделската опрема во Струмичко и Малешевско и занаетите поврзани со неа“,Институт за географија на ПМФ, 1999 – 2002 година.
„Етнографска карта на Македонија“, под раководство на проф. д-р Ѓорѓи Здравев.
„Географска енциклопедија на Република Македонија“, под раководство на проф. д-р Васил Даскаловски.
„Мултикултурни и етнички карактеристики на четири велешки села“, под раководство на проф. д-р Анета Светиева.
Во 1996 година под раководство на м-р Љупчо Неделков е спроведено теренско истражување во пределот Бошавија (Тиквешко) во кое учествувале и студенти од Одделението за етнологија и социјална антропологија при Филозофскиот факултет во Белград во соработка со Музеј-галеријата од Кавадарци.