Нијази Лиманоски (1941 г., Ростуше – 1997 г., Скопје) бил ангажиран јавен, општествен, културен, научен и политички работник и професор по етнологија на Заводот за етнологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во периодот од 1969 до 1974 година бил пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на Република Македонија. Во 1982 година бил избран за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 г. бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура и на таа должност останал до 1 март 1994 г. Заедно со Стојче Дојчиновски-Росоклија ги формирал Културно-научните манифестации на Македонците муслимани. Првата седница се одржала во неговото родно село Ростуше на 10.11.1979 година. Од 1989 до 1993 година бил член на Претседателството на Здружението на етнолозите на Македонија, а на годишното собрание на кое се избирало ново претседателство, бил избран за претседател. Нијази Лиманоски е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата „Свети Климент Охридски“, за посебни остварувања во областа на просветата и културата од интерес на Република Македонија. Во 1989 година го објавил трудот „Исламската религија и исламизираните Македонци“ за кој во 1990 година ја добил највисоката награда на Р Македонија од областа на науката – „Гоце Делчев“. Одликуван бил со Орден на трудот со сребрен венец, Орден за заслуги за народот со сребрени зраци, како и со низа други општествени признанија. Во март 1994 година почнал да работи како наставник по група предмети по етнологија на Институтот за географија. Бил главен и одговорен уредник на списанието Етнолог (Здружение на етнолози на Македонија), кое започнало да излегува во 1992 г. Бил член на Друштвото на фолклористи на Македонија, член на Сојузот на новинарите на Македонија и Југославија, член на Македонското географско друштво и член на Меѓународната организација „Караденис – Понт“ од Кишинев (Молдавија) за проучување на етнологијата и фолклорот на Гагаузите во Романија, Молдавија и Украина. Објавил неколку книги, како и над 50 научни трудови од областа на етнографијата. Бил автор на сценарио на ТВ-серија од десет емисии на Македонската радио-телевизија под наслов „Етнологијата и фолклорот на исламизираните Македонци“.
Кратка биографија и образование
Нијази Лиманоски завршил основно училиште во родното село Ростуше. Средно земјоделско училиште запишал во Тетово каде што учел три години, а последната година ја завршил во Битола. Виша земјоделска школа запишал во Битола. На 11.4.1979 година дипломирал на Географскиот факултет при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во јуни 1991 година на Одделението за етнологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград докторирал на тема „Етносоцијалните карактеристики на исламизираните Македонци“.
Работа во институција
Нијази Лиманоски ја започнал професионалната кариера како новинар, уредник и директор на Радио Дебар. Во периодот од 1969 до 1974 г. бил пратеник во Просветно-културниот собор на Собранието на СР Македонија. Во 1974 г. преминал да работи како уредник новинар во Службата за информации во Собранието на Република Македонија, а во 1982 г. бил избран за помошник на претседателот на Републичкиот комитет за образование и физичка култура. Во 1991 г. бил именуван за потсекретар во Министерството за образование и физичка култура.
Во февруари 1994 г. бил избран за доцент по група предмети на студиите по етнологија на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Лиманоски, Нијази. 1993. Исламизацијата и етничките промени во Македонија. Скопје: Македонска книга.
Авторот во ова дело си поставил задача врз научна основа на јавноста да ѝ го презентира прашањето за исламизацијата и за продуктот од исламизацијата, а тоа се Македонците муслимани. Мотивот за тоа е не докрај дефинираниот нивен статус, како и индиферентноста и опортунизмот што долго време владееле во однос на ова прашање, кое е мошне актуелно и во ова сложено време на присутен национализам кај одделни националности во Македонија, кој од ден на ден е сè поизразит. Авторот, како што вели самиот, се трудел да се ослободи од митологизацијата на вистината за димензиите на овој проблем, кој долго време, поради реалсоцијалистичкиот пристап и некои недефинирани и замаглени интереси, не бил објективно третиран. Тоа се правело, пред сè, од субјективни причини, без да се води сметка за интересите на Македонците муслимани, за историската и научната вистина, која од необјасниви причини не им одела во прилог на властодршците и на нивната погрешна политика што ја воделе во однос на Македонците муслимани во изминатиот период.
Авторот во ова дело има поставено цел да ги надмине или да ги ублажи последиците што и на ова поле ги остави реалсоцијализмот. Се обидел да изврши демистификација на сложените етнички појави и процеси во Македонија какви што се исламизацијата и сите етнички промени што настанале потоа.
Во текот на релативно кусиот работен период како наставник по етнологија на Заводот за етнологија при Природно-математичкиот факултет, Н. Лиманоски реализирал неколку стручни и истражувачки престои во Дакар, Сенегал, Тунис, Кападокија, Кишинев.
Настапил на десет меѓународни симпозиуми.
Библиографија
1983. „Турско-ориентални елементи во народната песна кај Македонците муслимани во СР Македонија“. Македонски фолклор XVI/31. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 33–43.
1984. Македоцни муслимани. Редакција: Глигор Тодоровски, Александар Матковски, Нијази Лиманоски, Стојче Дојчиновски-Росоклија. Скопје: Културно-научни манифестации на Македонците мусимани.
1986. „Кумството и побратимството кај Македонците муслимани во Западна Македонија“. Македонски фолклор XIX/38. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 147–157.
1987. Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци: Материјали од Вториот научен симпозиум „Фолклорот и етнологијата кај Македонците муслимани“ одржан во Дебар на 16–17 октомври 1986 година и од други културно-научни средби и советувања. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани.
1987. „Општествено-историските аспекти и околности за развој на националната свест и националната определба на Македонците муслимани“. Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци: Материјали од Вториот научен симпозиум „Фолклорот и етнологијата кај Македонците муслимани“ одржан во Дебар на 16–17 октомври 1986 година и од други културно-научни средби и советувања. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, 195–202.
1987. „Кумството и побратимството кај Македонците муслимани во Западна Македонија“. Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци: Материјали од Вториот научен симпозиум „Фолклорот и етнологијата кај Македонците муслимани“ одржан во Дебар на 16–17 октомври 1986 година и од други културно-научни средби и советувања. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, 293–303.
1987. „Традициите во празнувањето на Божиќ, Василица, Благовец и Ѓурѓовден кај Гораните“. Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци: Материјали од Вториот научен симпозиум „Фолклорот и етнологијата кај Македонците муслимани“ одржан во Дебар на 16–17 октомври 1986 година и од други културно-научни средби и советувања. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, 325–336.
1987. „Денационализаторската политика на италијанскиот окупатор и албанските квислинзи во Западна Македонија во времето на окупацијата 1941 – 1944 година“. Историја, фолклор и етнологија на исламизираните Македонци: Материјали од Вториот научен симпозиум „Фолклорот и етнологијата кај Македонците муслимани“ одржан во Дебар на 16–17 октомври 1986 година и од други културно-научни средби и советувања. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, 123–175.
1988. „Традициите во празнувањето на Божиќ, Василица, Водици, Благовец и Ѓурѓовден кај Гораните“. Дело 74: Списание за самоуправна теорија и пракса, општествено-политички прашања, уметност и култура 15/4–5, 318–329.
1989. Исламската религија и исламизираните Македонци. Скопје: Македонска книга.
1989. Десет години на културно-научните манифестации на Македонците муслимани (1979 – 1989). Ур. Нијази Лиманоски, Стојче Дојчиновски. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, Напредок.
1989. „Некои асимилациони процеси врз Македонците муслимани и Ромите и други низ воспитно-образовниот процес“. Идејната функција на воспитно-образовната работа во современи услови: Научен собир, Скопје, 13 и 14 октомври 1988 година. Скопје: Центар за идејно-теоретска работа и марксистичко образование при ГК СКМ, 315–321.
1991. Националниот идентитет на Македонците муслимани. Ур. Нијази Лиманоски, Стојче Дојчиновски. Скопје: Претседателство на Републичката заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани.
1991. „Обичаите кај Македонците муслимани поврзани со раѓањето на детето“. Македонски фолклор XXIV/48. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 161–173.
1992. „Eтнолошки мотиви и белешки од Голо Брдо“. Етнологија 1. Нова серија. Скопје: Музеј на Македонија, 27–36.
1992. „Проблеми во етничкиот идентитет на исламизираните Македонци“. Етнолог 1. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 45–57.
1993. Исламизацијата и етничките промени во Македонија. Скопје: Македонска книга.
1993. „Ѓурѓовденски обичаи во ceлото Могoрче, Дебарско“. Етнолог 3. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 158–165.
1994. „Етнолошки мотиви во материјалната култура во Скопската Торбешија“. Етнолог 4/5. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 102–110.
1994. „Исламизацијата на областа Меглен“. Фолклорот и етнологијата на Мариово и Меглен: Материјали од научниот собир одржан во Прилеп и Витолиште, 24, 25 мај 1990 година. Прилеп: Друштво за организирање на Мариовско-мегленски културни средби – Битола: Друштво за наука и уметност, 267–273.
1995. „Културното наследство кај исламизираните Македонци во светлината на етнологијата“. Одбрана и заштита на мајчиниот македонски јазик и етнос кај исламизираните Македонци 3. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани, 63–70.
1995. Одбрана и заштита на мајчиниот македонски јазик и етнос кај исламизираните Македонци. Главен и одговорен уредник Нијази Лиманоски. Скопје: Републичка заедница на културно-научните манифестации на Македонците муслимани.
1995. „Истражување и прибирање на етнолошки материјали од духовната, материјалната и општествената култура и обезбедување други етнички докази“. Етнолог 6. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 12–20.
1995. „Етнолошки мотиви од Западна Африка“. Етнолог 6. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 169–187.
1997. „Свадбарските јадења кај исламизираните Македонци во Реканско-дебарскиот крај“. Етнолог 7/8. Скопје: Здружение на етнолозите на Република Македонија, 260–275.
1997. „Светот не ја знае вистината за нас“. Македонија XLIV/533–534, (септември – октомври). Скопје: Матица на иселениците од Македонија, 40–41.
1998. „Маскирањето кај исламизираните Македонци некогаш и денес“. Обичаи со маски: Трудови од Меѓународниот симпозиум одржан во Вевчани – Струга. Скопје: Музеј на Македонија, 111–115.
1999. „Погребните обичаи кај Македонците муслимани во Македонија, Албанија и во областа Гора во Косово и Метохија“. Македонски фолклор XXVII/54. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 26–39.
1999. „Етнолошки карактеристики кај Македонците во Кападокија“. Годишен зборник 33–34. Скопје: Институт за географија, 191–204.
2001. „Верувања во христијански светилишта кај Македонците во Кападокија – Турција“. Македонски фолклор XXIX/56–57. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“, 21–35.