Збирка „Проф. д-р Џоел М. Халперн“

Преку активноста на доц. д-р Љупчо С. Ристески, а во тесна соработка со проф. д-р Џоел Мартин Халперн, во текот на 2003 година се работеше на создавање на Збирката на проф. Халперн за Македонија, која денес се чува на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ при УКИМ, а проектот беше целосно реализиран со финансиска поддршка на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија. Основната цел беше да се соберат, да се класифицираат и да се архивираат сите материјали што денес се чуваат во Збирката на проф. Халперн во Архивот на Универзитетот во Амхерст, САД, а се однесуваат на Македонија. Во Збирката постојат повеќе стотици страници материјали кои се однесуваат на Македонија:

  • Теренски белешки од истражувачките престои во Македонија од 1954 година;
  • Ракописи од патувањето на проф. Халперн низ Македонија во 1978 година како резултат на учеството во програмата за збратимување на градовите Скопје и Темпе;
  • Една аудио-лента, снимена во селото Волче (во пределот Порече), местото каде што антропологот Јозеф Обрембски истражувал во 1931/`32 година;
  • Бази на податоци со исклучително значајни слајдови и фотографии, систематизирани во три различни бази, кои се однесуваат на Македонија.

Проф. д-р Џоел Мартин Халперн на библиотеката на Институтот за етнологија и антропологија подари околу 1200 стручни публикации (периодични и монографски) од областа на етнологијата и антропологијата кои се подредени во Збирката, така што ИЕА може да се пофали дека ја има една од најрелевантните и најбогатите збирки со антрополошка литература на Балканот.



Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.