ЦЕИПА

Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија - ЦЕИПА е здружение за афирмација на етнологијата и антропологијата. Центарот е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани формирано заради остварување, заштита и усогласување на своите уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, за поттикнување на моралните вредности и за зајакнување на меѓуетничките односи.
Logo

Здружението ЦЕИПА е формирано во 2016 г. Во него активно се вклучени доктори и магистри на етнолошки и антрополошки науки и други сродни хуманистички и општествени дисциплини, студенти на студиите по етнологија и антропологија и други посветеници на промовирањето и заштитата на културните вредности. Исто така, во проектните активности партнерски и рамноправно се вклучени стручни лица, вработени во институциите кадешто партнерски се реализираат проектите како ментори и реализатори на проектните активности. ЦЕИПА е постојан соработник на Институтот за етнологија и антропологија, со кој реализира бројни заеднички научноистражувачки и проектни активности.

За време на досегашното постоење ЦЕИПА има изработено неколку проекти:

  • Форум: „Нематеријалното културно наследство во Македонија: имплементација, заштита и промоција“, раководител на проектот Инес Црвенковска Ристеска

 

  • Работилница со претшколски деца: „Облеката краси, облеката гнаси“ (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) раководител на проектот Љупчо Ристески

 

  • Работилница: „Од руно до чорапи“. (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) раководител на проектот Љупчо Ристески

 

 

  • Работилница: „Од клас до леб“. (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) раководител на проектот Љупчо Ристески

 

  • Работилница: „Пеам да те натпеам“. (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) раководител на проектот Љупчо Ристески

 

  • Работилница: „Свирам да те натсвирам“. (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) раководител на проектот Љупчо Ристески

 

  • Работилница: „Празничните календари на заедниците во Македонија“. (Образовна работилница за негување и промоција на културното наследство) - раководител на проектот Љупчо Ристески

 

  • Форум: „Етнолошкото културно наследство во Р. Македонија меѓу теоријата и праксата“ раководител на проектот Инес Црвенковска Ристеска

 

  • Форум: „Унапредување на елементите на заштита на етнолошкото културно наследство во Р. Македонија“, раководител на проектот Инес Црвенковска Ристеска

 

  • Дервишкиот ред Халвети-хајати во Охрид, монографија, автор Виктор Трајановски

 

  • Аудио издание на списанието ЕтноАнтропоЗум броеви од 1-6 на македонски јазик, раководител на проектот Виктор Трајановски

 

  • Зикр - дервишкиот верски обред во Скопје (етнографски филм), автор на филмот Виктор Трајановски

 

  • Културното наследство на град Скопје низ кратки стрип приказни - Создај стритоскоп, автор Инес Црвенковска Ристеска

 

  • Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на Скопје. Османлиски период - верски објекти - раководител на проект Виктор Трајановски

 

  • Аудио издание на списанието ЕтноАнтропоЗум броеви од 7-16 на македонски јазик - раководител на проект Елизабета Павковиќ

 

  • Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на Скопје. Османлиски период - профани објекти - раководител Елизабета Павковиќ

 

  • Баба Рога и другарите - сликовница и боенка за деца и млади, автор Инес Црвенковска Ристеска

 

  • Аудио издание на списанието ЕтноАнтропоЗум броеви од 10-16 на англиски јазик - раководител на проект Виктор Трајановски

 

  • Антропологија на смртта - поимање на смртта во народната култура на Македонците - монографија од авторот Љупчо С. Ристески

 

  • Струмичкиот говор: етно-лингвистички материјали - автор Коста Пеев 

 

  • Мултимедијална мапа на недвижното културно наследство на Битола. Османлиски период - верски и профани објекти - раководител на проект Виктор Трајановски

 

  • Културното наследство за возрасни: „Срамни приказни“ – збирка стрипски илустрирани еротски приказни - автори Александра Софрониевска, Слободан Танаскоски, Инес Црвенковска Ристеска 

 

  • „Етнолошки и културно-антрополошки проучувања на Порече“ - зборник, уредници: Анета Светиева и Љупчо С. Ристески

 

  • Турбињата во Скопје, изложба и каталог, автори: Елизабета Павковиќ и  Виктор Трајановски

 

  • Скопскиот дервиш  - стрип издание од авторите Виктор Трајановски и Владимир Трајановски

 

  • Азбуката на Скопје - пубикација, уредници Виктор Трајановски и Александра Ристовски

 

  • „Етнолошки и културно-антрополошки проучувања на Порече“ - зборник, уредници: Анета Светиева и Љупчо С. Ристески

 

  • Меѓународна конференција за солидарност и колективната поддршка низ призмата на фолклорот и етнологијата – раководител на проект Еда Старова Тахир

 

  • Публикација: Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија, автор Анета Светиева, уредник Љупчо С. Ристески

 

  • Етнографски материјали од проф. Ѓорѓи Здравев, прва книга, истражувач Ѓорѓи Здравев, уредник Инес Црвенковска Ристеска.

 

  • Eтнолошки истражувања на Горанците“, раководител на проектот Виктор Трајановски

 

https://www.ceipa.org.mk/



© 2026. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.