МСЕД

Македонското студентско етнолошко друштво - МСЕД постои повеќе од 20 години.                           

     Logo

Во 1999 година е реактивирано и пререгистрирано според одредбите на новиот закон за здруженија на граѓани на Република Македонија. Македонското студентско етнолошко друштво со своите цели, програма и статут се залага за подигнување на степенот на образование на студентите и нивно вклучување во научно - истражувачката работа и стручна и применлива популаризација на етнолошките и антрополошките културни вредности на Македонија. За таа цел се изготвени и разработени одреден број на проекти низ кои се реализира програмата и се остваруваат посакуваните цели. Досега се реализирани повеќе проекти, коишто придонесуваат за развојот на интерперсоналните и етничките односи на заедниците што живеат во Македонија, како и други активности кои придонесуваат во деталното проучување на македонската култура и традиција и нивна презентација во домашните и странски медиуми. 

МСЕД реализира соработка со слични студенстки организации на други Универзитети и воспоставува соработка со слични друштва кои резултираат со размена на студенти и вклучување на студентите етнолози и антрополози од МСЕД во проекти на други организации и Факултети од странство.

За остварување на своите цели и задачи Друштвото соработува со наставно - научни институции, невладини организации, државни органи на Република Македонија, стопански и други субјекти, фондации како од земјава така и од странство.

Во изминативе години МСЕД изработи неколку проекти:

● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 1● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 2● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 3● „Една приказна, една сликовница и една детска претстава - Глушецот и Жабата“ -Образовна работилница за негување и промоција на културното нематеријалнонаследство за деца од претшколска возраст● Работилница „Градот Скопје и стрип илустрираните митолошки јунаци“● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 4 ● Проект: „Живите легенди на Скопје“● Изложба на фотографии од збирката на Џоел М. Халперн, „Мирисот на багремотво Скопје“● Работилница: „Градот Скопје и стрип илустрираните митолошки јунаци 2“● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 5● Форум: „Ѓубрето и културното наследство, ѓубрето како културно наследство“● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 6● Публикација: Оној свет – збирка илустрации● Пролетна школа: „Социјализмот како културно наследство“● Збирка илустрации: Луѓе, животни, растенија, предмети од оној свет● Етнографски филм „Копче - Облечи си среќа“● Публикација: „Шутка: мојата приказна“● Работилница за креативно ракотворење „Млади и вешти“● Публикација: Перса и Шупак● Публикација: „Разноверци: меѓурелигиски соживот во едно западномакедонскосело“, Марчин Лубаш, превод од полски јазик Марија Бартошевич Атанасовска● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 7● Публикација: Хари и Даут● Публикација: Двата света – збирка илустрации● Публикација „Постсоцијалистички политички графити на Балканот и во ЦентралнаЕвропа“, Митја Великоња, превод од англиски јазик Инес Црвенковска Ристеска● Проект: „Фолклорното наследство на Горанците“● Проект: „Етничкиот диверзитет во Скопје● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 8● Проект: Фолклорни и етнолошки истражувања на материјалната култура наГоранците● Публикација: Горанската народна носија● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 9● Меѓународен фестивал за етнографски филм - ЕТНОФФ 10● Проект: 25 години Македонско студентско етнолошко друштво● Меѓународен фестивал за етнографски филм – ЕТНОФФ 11● Публикација: „Култот и традицијата на светите анахорети во Македонија“ на м-р Александар Мешков

https://www.msed.org.mk/


© 2026. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.