Стратегија

Мисија

Институтот за етнологија и антропологија има за цел и да образува кадри од областа на етнологијата и антропологијата, а исто така, има за цел да се занимава со научно - истражувачка работа поврзана со општите интереси на човекот, општеството и културата. Студиите по етнологија и антропологија им овозможуваат на студентите да се стекнат со општи знаења од областа на етнологијата и антропологијата, но и да ги профилира истите во специјалистички насоки, зависно од нивните желби и општествените потреби.

Вертикална поврзаност на студиите

По завршувањето на студиите под прв циклус (додипломските студии), студентите можат да продолжат на вториот циклус (постдипломските) студии на Институтот за етнологија и антропологија. По завршувањето на вториот циклус студии студентите можат да се запишат на трет циклус (докторски) студии на Институтот за етнологија и антропологија. Поради фактот што студиите од прв, односно втор циклус на ИЕА се реализират според програма која е компатибилна со соодветни програми во странство, можен е упис и на втор односно трет циклус студии на други универзитети надвор од Македонија.

Хоризонтална поврзаност на студиите

Можности за хоризонтално поврзување со други програми и студии постојат преку реализирањето на изборните предмети на студиите по етнологија и антропологија. Согласно на своите интереси и според потребите на стручното профилирање на знаењата на студентите, можат да се избираат изборни предмети од други факултети и универзитети со кои е потпишана таква соработка.

Полиња на стручно и научно дејствување на идниот етнолог и антрополог

Како познавач на специфичностите на човечкото дејствување, како и на особеностите на етничките заедници и современите општествени процеси, дипломираниот етнолог и антрополог може успешно да работи во владини и во невладини институции кои се од доменот на проучувањето на културата и општеството. Во тие рамки можни се истражувања на религијата и религиските феномени, јазикот, полот и родовите прашања, човековите права, животот во руралните и урбаните средини, поп-културата, субкултурните појави и етничноста. Како познавач на карактеристиките на етничките заедници, дипломираниот етнолог и антрополог може успешно да работи во образованието, во установите за заштита на културното наследство, во музеите, во сите сегменти на туристичкото работење, во новинарството, во општественото планирање, во урбанизмот, во уредувањето на предели и региони, во подрачјето на домашното и уметничкото производство, во соработката со македонската дијаспора, во протоколарните служби, во амбасадите и во нивните културните програми, во медиумските пропаганди и промоции, како и во сферите на комуникацијата.



Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.