Списание

ЕтноАнтропоЗум е списание на Институтот за етнологија и антрополо­гија на Природно-математичкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Мето­диј“ во Скопје. Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологијата, социокултурната антропологија, лингвистичката антропологија, теориската антропологија и другите сродни научни дисциплини. Текстовите во списанието ЕтноАн­тропоЗум се рецензирани од најмалку двајца рецензенти од Р. Македонија или од странство.
По повеќегодишното работење на Институтот за етнологија и антропологија како единствена образовна и научноистражувачка институција од областа на етнологијата и антропологијата во Република Македонија, во 2000 година започна да се објавува првиот зборник на трудови. Имено, со помош на финансиската поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија списанието започна да излегува во електронска варијанта, достапна на следнава веб-локација.
Текстовите во списанието се објавуваат на македонски и на англиски јазик. Предност за објавување во ЕтноАнтропоЗум имаат домашни и странски автори со оригинални научни трудови во кои се обработуваат етнолошки и антрополошки проблеми што се од теренот на Македонија (посебно или компаративно). Следна категорија текстови со предност за објавување се оригиналните научни трудови што се однесуваат за поширокиот простор на Југоисточна Европа.

Пристап до електронското списание



Следни испити

Септември/Октомври
П В С Ч П С Н
2526272829301
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2017. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.