Соопштенија

26 ноември 2023

1.12.2023 - ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ


31 мај 2023

Koнкурс за Еразмус+ студентска мобилност за академската 2023/24 година

Детални информации за конкурсот тука


30 мај 2023

Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија (ЦЕИПА) во соработка со Институтот за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј објавува повик за трудови за меѓународна конференција:

„Солидарност и поддршка во ерата по социјалната држава“
Во светло на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје

14-15 септември, 2023 година

Превземете го повикот за трудови (македонски јазик)

-----

The Centre for ethnological research and applied anthropology (CEIPA) in collaboration with the Institute of Ethnology and Anthropology, Faculty of Natural Sciences, Sts. Cyril and Methodius University, is organizing an international conference:

"Solidarity and support in a post-welfare era"
In light of the 60th anniversary of the catastrophic earthquake in Europe

Download the call for papers (in english)

Ве покануваме да испратите предлози за презентации во времетраење од 15 минути. Крајниот рок за испраќање на апстракти (300 зборови) е 31 мај, 2023 година. Сите апликанти ќе бидат известени за статусот на нивната пријава до 20.06.2023. Апстрактите треба да се испратат на ceipa.mkd@gmail.com во Word документ. Документот треба да содржи: наслов на презентација, апстракт (300 зборови), целосно име и презиме на апликантот, институција и контакт информации. Конференцијата ќе се одржи во Скопје, во период 14-15 септември, 2023 година.

За дополнителни информации, можете да исконтактирате со Еда Старова Тахир eda@pmf.ukim.mk.

симни документ


27 септември 2022

Tрет уписен рок за прв циклус студии (28.09.2022)

* Рокови за кандидатите кои се пријавуваат на трет уписен рок :
 - Пријавување на кандидатите 28.9.2022 
 - Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг – листа) 28.9.2022 
 - Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг – листа) 29.9.2022 
 - Запишување на кандидатите 30.9.2022  

*  Упатство за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/23 година, Природно - математички факултет, УКИМ - Скопје  Повеќе 


НАПОМЕНА:  
1. Задолжително регистрирање на www.upisi.ukim.mk и пополнување на електронската пријава во iKnow-системот  Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
2. Задолжително прикачување на скенираните  документи:  
    - во iKnow системот   Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
    - во пратената порака на електронската адреса upisi-pmf@ukim.edu.mk    Заклучно со 28.9.2022 г. до 13:00 ч.  
3. Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување. 


31 август 2022

Министерството за образование и наука воведува стипендии за студентите по етнологија и антропологија од учебната 2022/23 година

Конкурсот за студентски стипендии на Министерството за образование и наука за академската 2022-2023 година, покрај сите досегашни ќе понуди и две нови категории на стипендии кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

Едната категорија ќе биде наменета за студентите запишани додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни институции на студиските програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Другата категорија пак, ќе биде наменета за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус запишани на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Висината на двата вида стипендии ќе изнесува 6.050 денари месечно, а право на аплицирање имаат студентите кои постигнале особено висок успех во учењето од I-та до тековно запишаната студиска година со најмалку 7,50 просечен успех. 

Воведувањето на овие нови студентски стипендии значи проширување на можностите за финансирање на студирањето на младите и уште еднаш ја потврдува заложбата на МОН за подобрување на студентскиот стандард.

извор: официјален сајт на МОН


12 август 2022

19.08 - Отворен ден на УКИМ, ПМФ и ИЕА за идните студенти

Во склоп на отворениот ден на УКИМ кој ќе се одржи во петок, 19.8 од 10-14 часот, сите институти на Природно-математичкиот факултет ќе стојат на располагање за физичка посета и информирање за програмите, начините на студирање, можностите за студентска размена и сите други нешта за кои би имале прашања или дилеми идните студенти. 

Терминот за посета на Институтот за етнологија и антропологија е од 10-11 часот. Просториите се наоѓаат на приземјето на долната зграда на ПМФ. Лице за контакт: асистент м-р Еда Старова Тахир. 


11 јули 2022

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година

Сите информации за третата (августовско-септемвриска) испитна сесија можете да ги најдете тука 


11 јули 2022

Календар на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година 

Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година прв циклус студии можете да го симнете тука


11 јули 2022

World University Service - повик за аплицирање за дипломирани студенти и магистранти

World University Service претставува невладина организација која овозможува да се воспостави врската помеѓу дипломираните студенти и магистрантите со бизнис секторот, а пред се на оној поврзан со Германија.
Во прилог се дадени флаери преку кои можете дополнително да се информирате за отворениот конкурс за аплицирање, како и формуларот за конкурирање на тековниот конкурс кој трае до 31.08.2022.
Флаерите можат да се симнат тука.


23 јуни 2022

К О Н К У Р С за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програмина Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/2023 година

Сите информации за конкурсот можете да ги најдете тука


<< претходно | 1 | 2 | 3 | 4 |
© 2024. Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје.