Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Македонија, Природно-математички факултет

ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

 

Студентски клуб

Студентите на додипломски и на постдипломски студии, со нивното запишување на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, стануваат членови на студентската организација Македонско студентско етнолошко друштво (МСЕД) која успешно работи на полето на етнологијата и антропологијата и истата има реализирано повеќе проекти. Под закрилата на МСЕД, студентите имаат можност да истражуваат, да ги истакнат и да ги реализираат своите идеи, а исто така, имаат и можност самостојно да изработуваат проекти, а притоа да бидат координирани и помагани од страна на професорите и асистентите на ИЕА.

Во ноември 2003 година, во рамките на МСЕД, за време на семинарот „Менаџмет во културата“ во село Самоков (Македонски Брод), беше формиран и започна да функционира Етнолошки образовен и истражувачки центар - Растеш (ЕОИЦ - Растеш), кој забележа брз раст и во 2004 година се осамостои како независна невладина организација, преку која студентите на додипломски и на постдипломски студии на ИЕА, успеаа да реализираат неколку успешни проекти кои главно се однесуваа за можностите за развој на алтернативниот туризам во пределот Порече.

Кон МСЕД

Кон ЕОИЦ - Растеш


СТУДЕНТСКА АКАДЕМСКА МРЕЖА „ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ“
4-ТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА,
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА РАЗМЕНА
БАЛКАНОТ ВО НОВИТЕ КОНТЕКСТИ

14-17 мај 2006 во Струга, Република Македонија

Дома