Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Македонија, Природно-математички факултет

ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

 

Трет циклус студии по етнологија и антропологија - Докторски студии на УКИМ - врска

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – СКОПЈЕ
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

ТРЕТ СТЕПЕН
ДОКТОРСКИ СТУДИИ
ПО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

студиска програма во целост - преземи

 

ВОВЕД

На студиите по етнологија до 2008/09г. се изработени и одбранети повеќе докторски дисертации од областа на етнологијата. Институтот за етнологија и антропологија е единствената единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и на ниво на високото образование во Република Македонија на којашто до воведувањето на новиот систем докторски студии се стекнуваше докторски степен од областа на етнологијата. Од 2000 година на Институтот за етнологија и антропологија успешно се реализираат студии по етнологија и антропологија на прв и на втор циклус според ЕКТС. Следствено е да се очекува дека студентите кои ги завршиле првите два степена ќе може непречено да ги продолжат студиите и на третиот циклус – докторски студии по етнологија и антропологија по добивањето акредитација за нивна реализација.
Главната цел на докторските студии по етнологија и антропологија е да им  се понудат продлабочени знаења на студентите во одделни и специфични области и полиња на етнологијата и антропологијата од традициските и современите култури во Македонија, Балканот и Југоисточна Европа; потоа проучување на традициските и современите процеси на културите во Европа и ви сите останати делови на светот и да ги следи низ компаративна перспектива процесите на културите и општествата во светот. Студентите на докторските студии треба да се стекнат со знаења и способности да дефинираат истражувачки проблеми во етнологијата и антропологијата како и низ интердисциплинарен пристап на другите хуманистички и општествени дисциплини да пристапат кон проучување на општествените и културните проблеми. Докторот на етнолошки и антрополошки науки треба да може да ги препознае, да ги документира, класифицира, да ги интерпретира и да ги оценува елементите на културното и општественото наследство и да може своите знаења и резултати да ги примени во областите на социјалната и културнатра политика како и во применетата антропологија.
            Студиската програма по етнологија и антропологија од трет степен е конципирана согласно увидот во најновите студиски програми на повеќе европски Универзитети и може да се каже дека е компатибилна и комарабилна со повеќе европски, како  и Универзитрети во регионот.
Институтот за етнологија и антропологија подолго од 10 години учествува во повеќе академски формални (ERASMUS, CEEPUS, BASILEUS, JoinEU-SEE) и неформални мрежи (Border Crossing) кои им овозможуваат на реализаторите на студиската програма и на студентите да се стекнат со искуства на повеќе европски Универзитети, како и да ги споделат сопствените искуства со колегите кои учествуваат во овие мрежи на мобилност. 

 

  

ОПШТ ДЕЛ

Назив на прелагачот: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ

Наслов на студиска програма: докторски студии по етнологија и антропологија

Времетраење на студиите:  3 години

Услови за запишување на докторските студии по етнологија и антропологија

- Завршен магистер по етнологија и антропологија и други сродни области од општествените и хуманистистичките дисциплини со освоени вкупно 300 бода и среден успех од најмлаку 8.00 на студиите од прв и втор степен;
- Завршен магистер по етнологија и антропологија и други сродни области од општествените и хуманистистичките дисциплини со освоени вкупно 300 бода и објавени најмалку 5 стручни и научни трудови, од кои најмалку 2 да бидат објавени во меѓународни, релевантни списанија;
- Со стекнат академски степен магистер по етнологија и/или антропологија и други сродни области од општествените и хуманистистичките дисциплини со среден успех од најмлаку 8.00 на студиите и објавени најмалку 5 стручни и научни трудови, од кои најмалку 2 да бидат објавени во меѓународни, релевантни списанија ;

Општи кометенции кои се добиваат со реализација на програмата:

  1. Аналитичност (способност за самостојно справување со аналитички работи кои имаат високо ниво на побарувања, анализа на општествени феномени, разновидни трендови во општествените случувања, развојот, управувањето, синтеза на одредени знаења  и нивна употреба при решавање на конкретен проблем, способност за синтеза и контекстуализација);
  2. Употреба на методолошки алатки (самостојно реализирање, координирање, водење и организирање истражувања, употреба и натамошен развој на разни истражувачки методи и техники, автономност и самоиницијативност во истражувачката работа);
  3. Познавање на околината на избраниот подрачје на дисциплината (широко, критичко и рефлексивно разбирање на избраното подрачје на проучување, познавање на неговата структура, (правни) норми, институции, динамика и развој);
  4. Стратешка насоченост кон избраното подрачје (висок степен на способност за планирање, оценување и поглед кон иднината, антиципирање на развојот на случувањата, раздвојување на суштинското од несуштинското на проблемите);
  5. Комуникативност (способност за комуникација при реализирање на истражувачка работа, одлична способност при писмено изразување, јавно претставување и аргументација, говорно изразување, јасно, активно и аргументирано настапување);
  6. Работа во тим и група (да води тим и/или групна истражувачка работа, подготвеност за соработка, кооперативност, почитување на мислењата на другите и исполнителност на договорените задачи во рамките на тимската работа;
  7. Стручност (аналитичност, редоследност, ускладување на работните налози и избор на методи и начини на работата во согласност со стандардите во струката);
  8. Решавање конфликти (совладување, управување и посредување при конфликти, способност за преговарање, аргументација и обликување на резултатите од преговорите);
  9. Вмрежување (способност за поврзување внатре во организацијата, како и совладување на формалните форми за поврзување со надворешни институции);
  10. Развивање научно-истражувачка етика и хумани вредности во работата во сите сегменти на окружувањето.
  11. Широк хуманистичко-општествен хоризонт и способност за квалитетно интердисциплинарна научноистражувачка работа.

 

Специфични компетенции:

  1. Меѓучовечки односи  што подразбира компетентност во накрсно културно меѓусебно разбирање и почитување, како и разбирање на различните начини на живот. Разбирање на индивидуалните реаакции на одредени општествени појави во рамките на културите. Проценка на потребите на поединците и заедниците. Компетенција за интервјуирање и откривање нови податоци. Компетенцијата да се разберат етничките потекла и историјата на заедниците кои се истражуваат.
  1. Културни што подразбира компетентност во собирање податоци во вркса со културите. Реализација на теренски истражувања и анализа и споредување на културите и општествата. Собирање податоци и нивна споредбена анализа.
  1. Истражувачки што подразбира компетентност за истражувачка работа, набљудување на луѓето, податоците и околината. Организирање на идеите, материјалите, предметите и луѓето. Способност за анализа на врските помеѓу идеите, материјалите, предметите и луѓето.
  1. Развојни што подразбира компетенции за планирање и дизајнирање на проекти. Зачувување на детални записи и подредување на податоците. Создавање сумарни резултати и нивно презентирање, како устно така и писмено. Развивање и претставување на истражувачки идеи.
  1. Научни што подразбира поседување способности за истражувачка работа во кабинет и користење специфични истражувачки софтвери за квантитативна и квалитативна анализа. Истражување на потеклото на појавите и употреба на артефакти во истражувачки цели. Истражување на развојот на појавите низ времето. Истражување на минатото и сегашноста и создавање основа за планирање или предвидување на некои општествени или културни појави во иднина.

Полиња на стручно-научно дејствување

Лицето кое се стекнало со диплома за трет степен на докторски студии по етнологија и антропологија е стручно лице подготвено за работа во научно-истражувачка и применета дејност, поврзана со општите интереси на човекот, опшштеството и културата. Поради тоа, докторите по етнологија и антропологија може да се вработуваат во сите институции, владини и невладини, чиешто поле на дејствување е поврзано општествени и културни проблеми од доменот на традиционалниот и соремениот живот, институции кои се занимаваат со научноистражувачка работа, со евидентирање, чување, презентирање и управување со културното наследство. Како познавачи на специфичностите на човечкото дејствување, етничките, културните и другите карактеристики на заедниците, може успешно да работат во доменот на проучувањето на јазикот, полот и родовите студии, човековите права, здравствената култура, религијата, животот во руралните и урбаните средини, популарната култура, водењето и управувањето со културата во владините и невладините институции.

Како познавачи на карактеристиките на специфичностите на културните вредности на различни етнички и религиски заедници може успешно да работат во институциите на државната управа, во стопански организации, медиуми, трговски и други информативни дејности.

Лицето кое се стекнало со трет степен на докторски студии по етнологија и антропологија може успешно да работи во образование, во Заводите и управата за заштита на културното богатство, во музеите, во сите сегменти на туристичкото работење, во новинарство, во општественото планирање, урбанизмот, уредувањето на предели и региони,  во подрачјето на домашното и уметничкото производство, соработка со македонската дијаспора, во протоколарните служби, амбасади и културни програми на амбасадите на Р. Македонија, во медиумски пропаганди и промоции,  во сферата на визуелната комуникација. Лицето кое се стекнало со трет степен на докторски студии по етнологија и антропологија успешно може да разрешува проблеми поврзани со  културата и начинот на живеење, како и во делокругот на соодветно поврзување и искористување на природните ресурси согласно традиционалните вредности. 

 

Стручен академски назив: доктор по етнологија и антропологија

Раководител на докторските студии: проф. д-р Љупчо С. Ристески

Е-маил: risteski@ukim.edu.mk  

 

СТУДИСКА ПРОГРАМА:

Научно подрачје и поле: општествено и хуманистичко, етнологија и антропологија

Обем и организација на студиската програма: шест семестри

Вкупен број кредити: 180

 

Јазик на реализација на студиската програма:

            Предавањата како и изработката на писмените работи се изведуваат на македонски јазик. Во случаи кога студентот е од странство дел од наставата, како и изработката и на докторската дисертација може да биде напишана на некој од светските јазици (англиски, германски, француски, руски). Кандидатот кој ја изработил својата докторска дисертација на некој од светските јазици е должен да обезбеди превод на својата докторска дисертација, а реализаторот на докторските студии се обврзува да обезбеди соодветен превод на јавната одбрана.

 

ДОКТОРСКИ СТУДИИ ПО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА*

I Година

Семестар I

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Научноистражувачка етика

4

 

Методологија на научноистражувачка работа (од областа на општествените и хуманистичките науки)

4

 

Предмет од обука за истражување (универзитетска листа на изборни предмети)

4

 

Предмет од листата основни предмети – Методи на научно-истражувачка работа во етнологија и антропологија

6

 

Предмет од листата изборни предмети на студиите од трет степен на ИЕА

6

 

Предмет од листата изборни предмети на студиите од трет степен на ИЕА или од листите на докторски студии на УКИМ/ Докторски семинар

6

 

ВКУПНО:

30

 

I Година

Семестар II

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Предмет од листата основни предмети – етнолошки и антрополошки теории и антрополошка интерпретација

6

 

Предмет од листата изборни предмети на студиите од трет степен на ИЕА

6

 

Докторски семинар со презентација

2

 

Самостојно научно истражување за подготовка на тема за докторска дисертација

14

 

Годишна конференција со презентација на извештај студиите од трет степен на ИЕА

2

 

ВКУПНО:

30

II Година

Семестар III

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Истражување, подготвување и поднесување пријава за тема за докторска дисертација

28

 

Докторски семинар со презентација на извештај

2

 

ВКУПНО:

30

II Година

Семестар IV

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Работилница за истражувачка практика

3

 

Истражување и објавување резултати

25

 

Годишна конференција со презентација на извештај

2

 

ВКУПНО:

30

III Година

Семестар V

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Истражување и објавување резултати

28

 

Докторски семинар со презентација на извештај

2

 

ВКУПНО:

30

III Година

Семестар VI

Ред.бр.

Активност

Кредити

 

Работилница за истражувачка практика

3

 

Истражување и пишување теза

25

 

Годишна конференција со презентација на извештај

2

 

ВКУПНО:

30

ВКУПНО ЗА СИТЕ ТРИ СТУДИСКИ ГОДИНИ

180

 

Напомена:

  1. Првиот изборен предмет  студентот го бира од листата изборни предмети на ИЕА со писмена согласност на менторот
  2. Вториот изборен предмет студентот го бира од листата на изборни предмети на ИЕА како и на други сродни студиски програми на УКИМ или на други Универзитети со писмена согласност на менторот.

 


ЛИСТА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОСНОВНИ ПРЕДМЕТИ  -
МЕТОДИ НА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА ВО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА


Код

Изборен предмет

Реализатор

Кредити

ЕА III 001

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА АНТРОПОЛОШКО ИСТРАЖУВАЊЕ

Д-р Љупчо С. Ристески,ред. проф.

6

ЕА III 002

КВАЛИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

Д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент

6

ЕА III 003

УПОТРЕБА НА ИЗВОРИ ВО ЕТНОЛОГИЈАТА И АНТРОПОЛОГИЈАТА

Д-р Анета Светиева, ред. проф.
Д-р Мирјана Мирчевска, вонр.проф.

6

 

ЛИСТА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ОСНОВНИ ПРЕДМЕТИ  -
ЕТНОЛОШКИ И АНТРОПОЛОШКИ ТЕОРИИ И АНТРОПОЛОШКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА


Код

Изборен предмет

Реализатор

Кредити

ЕА III 004

ТЕОРИСКИ ПАРАДИГМИ НА ЕВРОПСКАТА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

Д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент

6

ЕА III 005

СТРУКТУРАЛИЗАМ

Д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент

6

ЕА III 006

ТЕОРИИ И МЕТОДИ НА ИСТОРИСКАТА АНТРОПОЛОГИЈА

Д-р Илина Јакимовска, доцент.

6

ЕА III 007

ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА

Д-р Љупчо С. Ристески,ред. проф.

6

ЕА III 008

СЕМИОЛОШКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Д-р Мирјана Мирчевска, вонр.проф.

6

 

ЛИСТА ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ 

Код

Изборен предмет

Реализатор

Кредити

ЕА III 009

АНТРОПОЛОГИЈА НА МИТ И ОБРЕДОТ

Д-р Љупчо С. Ристески,ред. проф.

6

ЕА III 010

АНТРОПОЛОГИЈА НА ИДЕНТИТЕТИ

Д-р Мирјана Мирчевска, вонр.проф.

6

ЕА III 011

АНТРОПОЛОГИЈА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Д-р Даворин Трпески, доцент
Д-р Илина Јакимовска,вонр. проф.

6

ЕА III 012

АНТРОПОЛОГИЈА НА ТЕЛОТО

Д-р Илина Јакимовска, вонр. проф

6

ЕА III 013

АНТРОПОЛОГИЈА НА ТУРИЗМОТ

Д-р Даворин Трпески, доцент

6

ЕА III 014

АНТРОПОЛОГИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Д-р Љупчо С. Ристески, ред. проф.
Д-р Ицко Ѓоргоски, ред. проф.
Д-р Митко Младенов, вонр. проф.

 

6

 

* Реализаторот на студиската програма, Институтот за етнологија и антропологија го задржува правото и обврска да може да изврши промени во програмата и предметните содржини не повеќе од една третина.

 

Дома