Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Македонија, Природно-математички факултет

ИНСТИТУТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И АНТРОПОЛОГИЈА

 

Списание ЕтноАнтропоЗум

ЕтноАнтропоЗум е годишно списание на Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во списанието се објавуваат трудови од областа на етнологијата, социо-културната антропологија, лингвистичката антропологија и другите сродни научни дисциплини.

По повеќегодишно работење, Институтот за етнологија и антропологија, како единствена образовна и научно-истражувачка институција од областа на етнологијата и социо-културната антропологија во Република Македонија, во 2000 година започна да го објавува годишното списание ЕтноАнтропоЗум. Со финансиска поддршка од Институтот Отворено Општество Македонија излегува електронската верзија на списанието, која е пред Вас, а со поддршка, пак, на Министерството за наука на Република Македонија, ЕтноАнтропоЗум се побликува и во печатена форма. Текстовите во списанието се објавуваат двојазично, на македонски и на англиски јазик.

Предност за објавување во списанието ЕтноАнтропоЗум имаат домашни и странски автори со оригинални трудови во кои се обработуваат етнолошки и антрополошки проблеми од територијата на Македонија (посебно или компаративно). Исто така, предност при објавувањето имаат и оригинални трудови кои се однесуваат за поширокиот простор на Југоисточна Европа.

Влез во ЕтноАнтропоЗум


Изданија на Институтот за етнологија и антропологија


Автор: Мирјана П. Мирчевска

Наслов: „Вербални и невербални етнички симболи на Горна Река

Издавач: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје

Година на издавање: 2007

ISBN 978-9989-668-66-1

Достапност: Содржина и предговор на книгата во pdf. формат.


Автор: Даворин Трпески

Наслов: Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство

Издавач: Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ, Скопје

Година на издавање: 2006

ISBN 9989-668-56-6

Достапност: Цела книга во pdf. формат


 

Дома